НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА НА ЗАЕВ: Речиси половина од граѓаните не очекуваат датум за преговори следната недела

  • October 14, 2019

Безмалку половина од граѓаните не очекуваат Македонија да добие датум за преговори кон крајот на идната недела, на самитот во Брисел, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања која денеска беше емитувана во Детектор.

Според неа, 47,7% од граѓаните се песимисти додека нешто под 35% очекуваат шефовите на држави во четврток и петок да дадат зелено светло за старт на преговорите.

При евентуален неуспех над третина од граѓаните веруваат дека одговорнсота треба да ја понесе власта, 20% вина гледаат кај опозицијата, а нешто над 8% кај одредени земји членки.

Според граѓантие СДСМ е партијата која направила најмногу на полето на евроинтеграциите. Вавко став имаат скоро 31% од граѓаните. 10% се определиле за ВМРО-ДПМНЕ а 6,4% за ДУИ. Над 30% од анкетираните сметаат дека ниту една партија не може да носи заслуги за процеост на интеграции.

Повеќе од една четвртина од граѓаните мислат дека доколку идната недела останаме без датум, тогаш преговорите нема да почнат никогаш. 22,3% очекуваат преговори во следните 5 години и по близу 17% тоа го очекуваат следната пролоет, односно до крајот на идната година

Во пресрет на одлуката, вицепремиерот Османи, за Детектор вели дека е оптимист, но позициите на Франција му оставаат голема резерва

Европската Унија се уште ужива висока доверба кај граѓаните. Анкетата на ИПИС покажува дека над две третини од анкетираните би дале поддршка доколку утре се организира референдум за членство во Унијата. Во споредба со претходната анкета на ИПИС, изработена во февруари годинава, нема значителни промени во расположението на граѓаните. Благиот пад на довербата не го зголемил бројот на анкетирани кои би гласале против.

Оттука, над 27% од граѓаните се оптимисти па членството го очекуваат во наредните 5 години иако близу 23% сметаат дека Македонија никогаш нема да биде дел од ЕУ.

Гледано од денешен аспект, граѓаните се поделени околу оправданоста на договорите со Бугарија и Грција. По близу 40% од анкетираните даваат поддршка и се противат на овие чекори на Владата.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 14 до 17 септември врз репрезентативен примерок од 1009 испитаници.

Претходно «
Следно »