Нимиц: Нема нов предлог за името, на маса ќе ставам идеи од минатото

  • January 15, 2018

Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.

Постои позитивен моментум во Скопје, вели Нимиц, додавајќи дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши ова прашање, јави дописникот на МИА од Атина.

– Мислам дека и грчката Влада исто така препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот, да најде решение, за долгогодишното прашање. Од овие причини постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши -рече Нимиц.

Тој исто така забележува дека во регионот постои загриженост околу одредени прашања, како што се бегалците, терориризмот или нестабилноста и дека со водство на меѓународната заедница овие прашања треба да бидат решени.

Постои позитивен моментум во Скопје, вели Нимиц, додавајќи дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши ова прашање.

 

Претходно «
Следно »