December 9, 2021, 8:56 am

Нинџа е на cлободa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Омилениот сведок на обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска, Александар Василевски Нинџа денеска излезе на слобода од затворот во Шуто Оризари. Според информациите на „Телма“ од Управата за водење санкции, Нинџа добил право на слободен викенд и до недела во 16 часот ќе биде на слобода.

Директорот на Управата Марјан Спасовски за „Телма“ вели дека како и останатите затвореници така и Василевски може да добие викенд на слобода после одлежана една третина од казната, а тој според управата веќе одлежал 3 години и 8 месеци од 7 годишната затворска казна. Вели дека Нинџа веќе би имал право да побара и условен отпуст од затворот оти таа погодност ја имаат затворениците со одлежана пола казна.

Според пресметката на „Телма“ пак Нинџа има одлежано 3 години и 3 месеци од затворската казна, бидејќи тој зад решетки влезе во јуни 2018, откако претходно половина година беше во бегство.

Latest News

(Фото) Несекојдневна ситуација: Автомобил падна во езерце во Градски парк

Автомобил „Пежо 206“ паднал во езерце во Градскиот парк во Скопје. Засега не се познати причините за оваа незгода. Фотографиите се...

More Articles Like This