НИТУ НА ГЕРОВСКИ НЕ МУ Е ЈАСНО: Зошто би имал еден новинар безбедносен сертификат

Поврзано

СДСМ ќе ја предложи Шекеринска за претседател на Собранието?

СДСМ веројатно ќе ја предложи Радмила Шекеринска за прва жена претседател на Собранието на Македонија, пишуваат албанските медиуми. Според...

РКЕ: Бидете среќни што струјата не поскапе повеќе

Регулаторна комисија одлучи да се покачи цената на струјата за повеќе од 7 проценти. Ова покачување се однесува на...

Пет пaциенти од Гeријатрија позитивни на kорoнавирус

Пет пациенти сместени во специјализираната болница за гeријатрија и пaлијативна медицина во Скопје се зaразени со Ковид-19, потврди за...
- Advertisement -

Јавниот исказ на новинарот Сашо Орданоски кој во интервјуто со лидерот на ВМРО –ДПМНЕ Мицкоски тврдеше дека имал увид во доказите за случајот со 27ми април отвори многу прашања за тоа кој се има пристап до строго доверливите документи.

Канал 5 денеска се обиде да исконтактира со Орданоски, со цел јавноста да добие одговори на кој начин тој стигнал до доказите, но новинарот не само што не сакаше да коментира, туку и го прекина разговорот..

Случајот за упадот во Собранието го води Обвинителството за организиран криминал и корупција. Од таму директно не одговараат дали му овозможиле на Орданоски да ги види доказите и кои други лица имаат таква можност, но го цитираат законот според кој увид во доказите на обвинителството во една судска постапка може да имаат само обвинетите, нивните адвокати и судијата.

-Новинарите кои имаат интерес за некој предмет информациите ги добиваат со следење на јавните рочишта, односно, во случајов, на судските рочишта на кои јавно беа изведени докази- соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Орданоски пред неколку недели доби безбедносен сертификат од највисок ранг за државна тајна, но остана нејасно која институција и за кои потреби му го издала.

Според новинарот Бранко Геровски, новинарите нема потреба да поседуваат сертификат од овој вид.

-Јас не разбирам зошто воопшто треба еден новинар да има безбедносен сертификат. Имам голем проблем генерално со тоа што добар дел од нашето т.н. истражувачко новинарство користи и дури не крие дека користи извори од безбедносни судски органи, од органи кои не би смеело да се користат такви извори-изјави Бранко Геровски – новинар.
Самиот Ордановски откако го доби сертификатот јавно не проговори за него, иако беше гласен пред една година кога се појави информацијата дека претседателот Иванов имал намера да побара безбедносни сертификати за дваесетина новинари. Тогаш тој изрази сомнеж дека на таков начин се прави подготовка на некои од новинарите да им се лиферуваат документи со безбедносни класификации, кои подоцна може да бидат злоупотребени.

Latest News

СДСМ ќе ја предложи Шекеринска за претседател на Собранието?

СДСМ веројатно ќе ја предложи Радмила Шекеринска за прва жена претседател на Собранието на Македонија, пишуваат албанските медиуми. Според...

РКЕ: Бидете среќни што струјата не поскапе повеќе

Регулаторна комисија одлучи да се покачи цената на струјата за повеќе од 7 проценти. Ова покачување се однесува на домаќинствата односно обичните граѓани а...

Пет пaциенти од Гeријатрија позитивни на kорoнавирус

Пет пациенти сместени во специјализираната болница за гeријатрија и пaлијативна медицина во Скопје се зaразени со Ковид-19, потврди за „Сител“ директорката на установата Д-р...

Бил Гејтс прeдупредува: Следува нешто полошо од коpoнавирусот

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс предвидува еколошка kaтастрофа, чии поcледици ќе ги надминат штeтите од кoронавирусот. Според неговите прeдвидувања, во следните неколку децении планетата ќе...

Американскиот сенат едногласно го зaбрaни Тик Ток за вработените во федералните служби

Американскиот Сенат едногласно го одобри законот со кој се зaбранува на вработените во федералните служби да користат апликација „Tick-Tok“ на службени електронски уреди. Апликацијата се...

More Articles Like This