October 23, 2020, 6:14 am

НИШТО НЕМОЖЕ ДА ГО ПРИВЛЕЧЕ ОКОТО НА ЛАВОТ: Прочитајте како се заљубувaaт хopoскопските знаци

Поврзано

Дневен xopockoп за 22.октомври 2020 година

Вага 24.9.-23.10. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во...

Прогнозите за kopoнавируcoт на најпознатиот астpoлог и секој хорockoпски знак поединечно

Секој што внимателно ги следи годишните и месечните хороскопи, го знае името на Бернард Фикалтер. Предвидувањата на влијателениот британски...

Дневен хороскоп: Овните рaзочaрани од љубовта, водолиите и рибите со здрaвствени пpоблеми

ОВЕН Работа: Имате впечаток дека вообичаените начини на работа не ги даваат очекуваните резултати. Размислувате за воведување на новини....
- Advertisement -

На Овенот му е потребен само еден поглед, Скорпија се чувствува како да е погодена од гром, а ништо не може да го привлече окото на Лавот. Во продолжение прочитајте како се заљубува секој хороскопски знак.

 

 

 

 

Овен

Овен се заљубува на прв поглед. Потребен му е само еден момент за да открие дали тој сака некого или не. Припадниците на овој хороскопски знак не размислуваат за тоа која е таа личност, дали е добра или не, дали е социјално прифатлива, богата или сиромашна.

Овенот не размислува за работите за коишто размислуваат останатите хороскопски знаци. Тој реагира на страста и на импулсот.

Бик

Сетилата на Бикот проработуваат веднаш, односно се будат кога ќе се сретнат со личноста што би можеле да ја сакаат. Овој хороскопски знак има најизразени сетила во однос на останатите хороскопски знаци.

Сепак, овие личности ќе почекаат некое време пред да се заљубат и ќе го набљудуваат потенцијалниот партнер сè додека не бидат сосема сигурни дека тоа не е само привремена авантура.

Близнаци

Близнаците се заљубуваат многу лесно и најчесто во две или повеќе личности истовремено. Изгледа како сите тие луѓе да се дел од една личност и ако Близнаци би можеле да ги состават во една личност, тие ќе го создадат совршениот партнер.

Ова е причината зошто Близнаците често се растргнати помеѓу две сакани личности.

Рак

Личностите родени во овој хороскопски знак се заљубуваат многу лесно, но ретко го покажуваат тоа затоа што се плашат да не бидат повредени. Ракот има лоши искуства од минатото и затоа мали се шансите дека ќе преземе иницијатива затоа што е заљубен.

Овие личности чекаат долго, сè додека не бидат сигурни дека тоа е вистинската личност за нив.

Лав

Ништо не може да го привлече окото на Лавот. Тој нема да реагира импулсивно како што реагира Овенот, ниту ќе се заљуби на прв поглед.

Одредено време, тој само ќе ја гледа личноста што ја сака.

Девица

Девицата веднаш знае кого го сака. Таа брзо носи одлуки и ретко прави грешки кога станува збор за проценка на карактерот на луѓето. Кога се заљубуваат, припадниците на овој хороскопски знак не сфаќаат што се случува со нив.

Тие се заљубуваат во личности што ги сметаат за нејасни и интересни затоа што имаат потреба да разјаснат и да разберат сè.

Вага

Вагата не се заљубува толку лесно. Ако на Овенот му е потребен само еден поглед, на Вагата ѝ требаат неколку бидејќи таа секогаш мери нешто.

Таа мери дали е заљубена или не и често се прашува дали е заљубена во едниот или во другиот, па затоа ѝ треба малку повеќе време за да одлучи.

Скорпија

За припадниците на овој хороскопски знак, љубовта е како молња, односно како гром. Во еден момент, Скорпија запира сè и се чувствува како да е удрена од гром.

Така изгледа почетокот на заљубувањето на една Скорпија.

Стрелец

Личностите родени во овој хороскопски знак се склони кон заљубување и кон авантури.

Во природата на Стрелецот е да се заљубува и бидејќи тој е променлив огнен знак, многу често ја насочува страста од една кон друга личност.

Јарец

Јарецот не се заљубува толку лесно, но кога ќе се заљуби, сака да ја освојува личноста пополека. Тој е роден маратонец, тркач на долги патеки.

Ништо што може да се освои премногу брзо не е вредно за внимание, барем за Јарецот.

Водолија

Овие личности се заљубуваат многу брзо, но престануваат да бидат заљубени уште побрзо. Овој знак секогаш е заинтригиран од нови, возбудливи работи.

Водолијата едвај одржува подлабоки емоции кон одредена личност подолго време.

Риби

Рибите се заљубени цело време. Ако не во некого, тогаш во нешто – тие се заљубени во добра музика или во нешто слично.

И овие личности лесно стануваат зависни од љубовта, барем некое време додека не се заљубат во нешто друго (бидејќи Рибите се променлив знак), но важно е дека тие секогаш се заљубени.

извор: kafepauza.mk

Latest News

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

(Видео) Каракачанов со дрзok коментар му одговори на дeмонcтрaнт кој побара ocтавка од него

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави зaтворање на сета...

More Articles Like This