НИШТО НИ ОД ПОВРАТОТ НА ДДВ: Наместо скапи апликации, зошто не се намали данокот?

  • May 4, 2019

Изминува трета година откако се ветуваше проект кој што ќе донесе 13-та плата во семејствата, соочени со лоши изборни резултати, властите се сетија на проектот „поврат на ДДВ“.

Самиот проект е замислен така што граѓаните би плаќале ДДВ, потоа ќе ја пријавуваат фискалната сметка, а државата би им вратиле 15 проценти од оданоченото.

Звучи комплицирано и покрај тоа што е јасно дека повеќе пари ќе добиваат тие што повеќе трошат, односно повеќе имаат, тука дополнително се вметнува и скапа апликација за паметен телефон.

И сето тоа власта смета дека ќе ја намали сивата економија, ќе стимулира фискализација, а граѓаните ќе потрчаат за 15-те проценти поврат од платеното ДДВ.

Но сето тоа има многу недостатоци.

Тоа што веднаш паѓа во очи е дека законот е насочен кон оние кои трошат повеќе, односно имаат големи приходи и не се борат ден за ден очекувајќи ги 500-те евра просечна плата ветена во изборната кампања.

Всушност оние и кои тргуваат кај трговци кои не издаваат фискални сметки нема ниту да помислат да бараат фискални, затоа што токму тие трговци даваат попусти кои изнесуваат многу повеќе од 15 проценти од ДДВ.

Уште повеќе, овој систем предвидува категорија на граѓани кои поседуваат поскапи паметни телефони, со апликации, во која што секако се исклучуваат социјално ранливите категории и огромниот капацитет на внимателни потрошувачи, а тоа се пензионерите.

Секако на ова треба да се погледне и од другата страна, онаа која се залага за ваков систем. Станува збор за скап софтвер кој ќе може истовремнено, секојдневно, без временски ограничувања да опслужи над над милиони граѓани- потрошувачи во државата.

Тоа подразбира скап софтвер и поддршка, како и оптоварување на даночната администрација со уште еден економски нелогичен проект. Вториот аспект од оваа страна е и прашањето кој тоа (ќе) ја изработува и администрира со оваа програма, дали тоа ќе биде државна компанија или некоја од компаниите блиски до власта?

Оттука и главното прашање од граѓаните, и секако од економстите, зошто наместо скап и некорисен проект кој што исклучува голема група на потрошувачи, проект кој отвора многу сомнителни прашања за исплатливоста во борбата со сивата економија, едноставно не се намали висината на ДДВ за тие 15%, односно зошто ДДВ не се нивелира на 16 процентни поени?

Претходно «
Следно »