НИШТО ОД ТРАНСПАРЕНТНОСТА: Владата не кажува колку ќе се потроши за прославата за денот на независноста, главни актери пеачи и учесници на Шарената револуција!

  • September 3, 2017

„Слободна Македонија, слободно живее“ е годинешното  мото на манифестацијата по повод Денот на независноста. Централната манифестација ќе се одржи во четврток пред владата, а прославата ќе започне од среда. Портпаролот на Владата не откри колку пари ќе чини организацијата на оваа прослава, па граѓаните со право се прашуваат зошто тоа се крие од граѓаните.

Еден тетовскиот рок бенд ќе пее на албански јазик, додека бендот „Шутка Рома Рап“ ќе пее на ромски јазик. Овој пат, владата одлучи да ги отвори вратите за граѓаните кои ќе имаат можност да влезат внатре во објектот. Иако се е организирано, а и програмата е подготвена, Бошњаковски не може да ја соопшти сумата за тоа колку ќе чин оваа манифестација.

-Ќе има многу активности, но завршната сметка за тоа колку ќе чини, ќе ви ја доставиме откако ќе завршат сите активности, да видат како ќе поминат, ќе добиете одговор веднаш по завршување на настаните, изјави Бошњаковски.

Се ќе започне на Кејот на реката Вардар, каде Агенцијата за млади и спорт ги кани граѓаните да се приклучат на акцијата за чистење на Кејот, а потоа се предвидени и други спортски активности.

Претходно «
Следно »