НИШТО ОД ФЕЈСБУК И ГУГЛ: Македонија падна за 31 место на листата ,,doing business” на Форбс

  • December 29, 2018
  • Коментари

Црнилата, девастацијата на Република Македонија, ова економско цунами, коруптивност и криминал заради безидејноста на октроираната власт за една намена добија потврда и од ценетиот „Форбс“, истакнува  Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега Република Македонија е на 68 место, додека за споредба 2014 била рангирана 31 место, како најдобра во регионот! И сега доживуваме огромен пад! Тешко стекнатиот меѓународен рејтинг на Република Македонија, оваа власт го топи како воопшто да не и е грижа за утре! Па и не и’ е. Само од минатата година според оваа листа на „Форбс“ има пад од 5 позиции на листата на држави за водење бизнис. Корупцијата на оваа влада, која наместо да се бори со корупцијата, дури и предизборно ја поттикнуваше, ја однесе Република Македонија дури на 97-мото место! Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото, нееднаквото спроведување на законите. Дури и она што не задржало да не пропаднеме на повеќе на оваа листа како Република Македонија, ниските даноци, оваа црна власт се погрижи да тоа биде урнато следната година! Забелешките за големата застапеност на сивата економија, догодина со даночната политика и политиката само кон зелените пазари ќе бидат дополнително страшни! Оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата, на сите забелешки за оваа кои црната власт остана глува и продолжи со тендери во 4 очи, со милионски коруптивни договори во секој владин сектор и ресор, вели тој.

Сепак, рече партискиот портпарол, затоа пак вицепремиерите вчера добија покачување на платата.

-Од оние за одбрана и безбедност, Шекеринска и Спасовски, преку Османи за евроинтеграциите, до вицепремиерот за економски прашања иновативниот Кочо Анѓушев. Покачена плата од 8.000 денари месечно, покачувања додека сиромаштијата зема замав, а спиралата на поскапувања врти. Поскапувања „на поевтиниот леб“ како што оцени иновативниот Кочо Анѓушев! Притоа, почитувани додека Република Македонија паѓа на светските рејтинг листи за тоа како треба да се води бизнис е доказ за општата состојба во Република Македонија. На сила се турка закон со кој секое јавно претпријатие во Република Македонија, секое државно, но и секое општинско јавно претпријатие треба дополнително да се донаполни со партиски функционери, со заменици директори, кои би ги менувале директорите кога тие би биле отсутни! Па се поставува прашањето колку може да отсуствуваат директорите, за да мора да бидат назначени нивни заменици, функционери со свои кабинети, секретарки, советници, шофери и секако можност за апанажа!? Почитувани, вакво расипништво, вакво самоволие, ваква однароденост, е неприфатлива во Република Македонија! Си покачуваат плати, ја партизираат секоја пора на општеството, сега се измислуваат функционери за да се цица буџетот, за кој што раката на оваа власт се подлабоко ја вовлекуваат во и така испразнетите џебови на народот! И уште дополнително ќе велат дека се срамат од македонскиот народ, со навреди „искомплексирана нација“. И потоа уште се наметнува идеја, поткрепена и од Талат Џафери, дека пратениците морало да бидат згрижени за потоа, цитирам, „да не буричкале во контејнери“!? Почитувани, ова нема поинаков опис освен тотална бесрамност и негрижа на власта и владејачкото мнозинство за државата и за сите нејзини граѓани! Ова црнило предизвикана од натурените криминогени ликови во власта мора да сопре, а тие мора итно да заминат. И ќе одговараат, за сите дела, пред правото и правдата, пред суд кој што нема да е прислушуван и во пупката на Зоран Заев, рече Стоилковски.

Претходно «
Следно »