January 22, 2021, 4:19 pm

Ни доаѓа голем празник:Богородица – мајка на сите мајки, заштитничка на жените

Поврзано

Koлку дoлгo ce чyвa cвeтaтa вoдa?: Eвe штo тpeбa дa нaпpaвитe co нea пocлe Boдици

За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со...

Дeнecкa e Свети Јован Крстител: Eвe кoи ce oбичaитe и вepyвaњaтa

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите...

ДЕНЕС Е БОГОЈАВЛЕНИЕ(BOДИЦИ), ДЕНОТ КОГА НАШИОТ СПACИТЕЛ ИСУС XPИСТОС БЕШЕ KPCТЕН ВО РЕКАТА ЈОРДАН-Бог се јави- навистина се јави

Денеска е Богојавление (Водици). Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот...
- Advertisement -

На 21 септември православните верници го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше оној којшто од неа ќе се роди, како Цар и првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.

И во својата скрушеност му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Аврам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа.

Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук!


Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана.

Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.

Се верува дека ако на овој празник е ведро, сонцето ќе се смешка и во текот на есената, а и во зина. Жените на овој ден не смеат да средуваат низ дома, да перат облека и други слични секојдневни работи.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба ништо да се работи од работите со раце. На денешен ден не е пожелно да се почнуваат никакви работи, и тие да се одложат за некој од наредните денови.

Latest News

Мицкоски: Европските држави се бopaт што е можно повеќе да вакцинираат, кај нас бopбата е да обезбедиме вакцини

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на телевизија Алфа, рече дека на средбата со премиерот на...

More Articles Like This