НОВАК ЃОКОВИЃ НАЈДОБРИОТ СРПСИ ТЕНИСЕР,ЌЕ ОТВОРИ РЕСТОРАН ЗА БЕЗДОМНИ ЛИЦА!

  • February 3, 2019

Новак Ѓоковиќ најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Тој планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот испратена до британските медиуми.
“Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам целата Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто, затоа што ме поддржуваа цело време “, се вели во соопштението.

Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот, ниту како ќе функционира, но локацијата, најверојатно, ќе биде во Србија.

Инаку, Ѓоковиќ веќе има два ресторана, еден во Белград, а другиот во Монте Карло, и во неколку наврати изјави дека сака да се занимава со угостителството и да готви, пишува Noizz.

Тенисер е во пауза која ќе трае до следната сезона, а во оваа фаза од својот живот се посвети на семејството и зајакнувањето на менталната моќ.

Претходно «
Следно »