НОВАТА ВЛАДА , НАПРАВИ ХАОС ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО: Новиот министер ако не може да го реши проблемот со пченицата, нека ја примени мерката на претходната влада

  • July 3, 2017

Земјоделците од општината Новаци мака мачат со новата влада и недефинираната откупна цена на пченицата, тие како што велат го замолуваат новиот Министер или пак друго ресорно министерство да излезе и да го решат проблемот со сите земјоделци во Република Македонија, или пак едноставно да ја применат претходната мерка донесена од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствено решение на проблемот сега засега е владата на нашата држава е да ја примени одлуката која ја имаше донесено претходната влада пред неколку години и увозот на пченицата и брашното да се поврзе со откупот на домашната пченица, вели претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров.

Земјоделците велат и дека најголем проблем во моментов е откупната цена која е недефинирана, а  жетвата веќе е започната.

-Бараме да се каже која би била цената и да излезат од ресорните министерства, проблемот е голем бидејќи таа се уште не е дефинирана, велат земјоделците од Новаци.

Тие велат и дека сушата годинава придонела за да имаат слабо жито, а бараат и цената да не биде под 10 денари иако и таа цена е многу ниска.

Претходно «
Следно »