НОВА ВЛАДА, ГРУЕВСКИ ПРЕМИЕР: ВМРО-ДПМНЕ има обврска да го почитува изборот на граѓаните кои го избраа Никола Груевски за иден премиер!

  • January 1, 2017

Без разлика дали веќе се направени постизборните коалиции со кои треба да се обезбеди мнозинство од 61 пратеник или не, Никола Груевски го има мандатот за формирање на Влада

vlada-640x294

Оваа информација ја потврди и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски
ivo-kotevski-2-620x413ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори и има легитимитет, и целосна поддршка од народот да ја формира новата влада. ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи се за да ја исполни волјата на мнозинството. Мандатот за формирање на нова влада е во рацете на Никола Груевски. Тој беше носител на сите изборни активности и ја освои довербата на граѓаните“, вели Котевски.

Во моментов, Котевски не изнесе детали за можните контакти со цел формирање на постизборна коалиција со останатите партии, и вели дека јавноста навремено ќе биде информирана по ова прашање. Мандатот од претседателот се очекува Иванов да му го предаде на Груевски најдоцна до 9-ти јануари, но постои и можност тоа да се случи порано.

Претходно «
Следно »