НОВА ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА: Вашингтон затвара три конзуларни претставништва на Русија во САД!

  • August 31, 2017

Како одговор на руските мерки, САД бараат до 2.септември да бидат затворени конзулатот на Русија во Сан Франциско и два руски конзуларни објекти во Вашингтон и Њујорк, соопшти официјалната претставничка на Стејт Департментот Хедер Наверт

„Во духот на реципроцитетот бараме руските власти да го затворат својот Генерален конзулат во Сан Франциско и зградата на Конзулатот во Вашингтон и Њујорк. Затварањето треба да биде завршено до 2.септември“, соопштува Навертова.

Во Вашингтон се надеваат дека Русија ќе ги избегне понатамошните чекори како реакција на новите санкции и дека ќе се „движи кон тоа да ја постигне целта на двата претседатели – да се подобрат односите помеѓу нашите две држави и да се зголеми соработката во областите на взаемен интерес“.

Притоа, според зборовите на претставничката на Стејт Департментот, иако двете држави по акцијата на Вашингтон остануваат со само три конзулати во нивните територии, и понатаму постои нерамнотежа во бројот на дипломатските и конзуларни одделенија.

„Меѓутоа, ние одлучивме да им дозволиме на руските власти да задржат некои од своите згради за да се спречи маѓичниот круг во нашите односи“, вели Навертова.

Во американскиот надворешнополитички ресор соопштија дека Вашингтон во потполност ги реализирале обврските за смалување на бројот на дипломатски персонал во Русија кој го бараше Москва.

Заменик претседателот на комитетот на Државната дума на Русија за меѓународни работи Андреј Климов изјави дека Русија ќе одговори на затворањето на Конзулатот во Сан Франциско.

„Тоа е грубост. По мое мислење, не би било исправно мирно да гледаме на тоа, да се правиме дека ништо не се случува. Ние имаме сила, можност и здрави луѓе за да формулираме и реализираме реципрочни мерки“, изјавил тој.

Претходно «
Следно »