НОВА КАВГА ВО СДСМ: Едмонд Адеми жестоко реагирал кога видел дека Заев го ставил Петре Шилегов носител во шестка!

  • November 8, 2016

Нема Албанец носител на пратеничките листи на опозицијата предводена од Зоран Заев. На изборните листи од 120 номинации за пратеници, на прсти се бројат кандидатите Албанци и покрај јавните изјави на првиот социјалдемократ дека сериозно игра на картата на албанските гласачи. Ова како што дознава „Дневник“ предизвикало жестока кавга во Централниот одбор на СДСМ меѓу Едмонд Адеми и лидерот Заев.

zaev-ademi

Незадоволство и разочараност од застапеноста на Албанците на пратеничките листи на СДСМ има и меѓу поддржувачите Албанци на политиките на Заев.

Извори од партијата истакнуваат дека на Централниот одбор, кога Адеми видел дека го нема на пратеничките листи и кога забележал дека ни Шестата изборна единица нема да биде предводена од кандидат Албанец, жестоко реагирал до лидерот Заев. Тој директно го прашал Заев што бара партискиот портпарол Петре Шилегов да биде носител на листата на „шестката“.

Претходно «
Следно »