НОВА МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА: Пукано во џип во Карпош – “Селфи“ политиките на Владата создадоа хаос

  • April 7, 2018

Нова мафијашка пресметка во Скопје, пукање во џип во Карпош. Во четвртокот, околу 22.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.П. пријавил дека додека се движел со патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки по бул. Октомвриска револуција, од паркингот на хотел непознато лице пукало кон неговото возило, по што со друго возило побегнало во непознат правец. Д.П. не бил повреден.

Запалени автомобили, убиени партиски активисти и функционери, нерасчистени убиства, поврзаност на криминалците со политичката елита – ова е сликата која во Македонија владее во последната година. Институциите не преземаат ништо, затоа што многу често извршителите на инцидентите се и нивни блиски соработници, барем според фотографиите кои излегуваат во јавноста.

Последен пример за хаосот кој владее во Македонија е пресметката на Кумановскиот и Тетовскиот огранок на ДУИ, во која беше убиен еден од кандидатите за претседатели на општинската организација на ДУИ во Куманово.

Наип Реџепи кој беше убиен во вооружена пресметка во Тетово не е единствениот криминалец близок до актуелната власт. Голем број сомнителни ликови, од кои дел се бараат и со меѓународни потерници изминативе години имаа прилика да бидат во близина на премиерот, министерот за внатрешни работи и други највисоки функционери и да се фотографираат со нив – пишува порталот Лидер.мк

Познатиот активист на СДСМ од Струмица во швајцарскиот град Лукарно, 54-годишниот Горан Михајлов, со пет куршуми ја усмртил сопругата 38-годишната Хани на патот кон езерото Маџиоре крај Аскона во Швајцарија.

Исмет Арифи – Кока, член на СДСМ, кој беше убиен во скопски Чаир, од, како што пишуваа медиумите, структури блиски до ДУИ. Арифи беше убиен на 24 ноември 2017 година околу 22.30 часот на улицата Лазо Трповски, во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“ каде убиениот седел заедно со Ќемал Лусијани (52). На социјалните мрежи има слики од кои се гледа со Дамјан Манчевски – пишува порталот.


Во често друштво на премиерот Заев се забележува и Сеат Рахиќ – Сетко, брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен претседател на скопскиот огранок на СДСМ и пратеник од редовите на истата партија. Сетко беше уапсен од полицијата за трговија со дрога, зза што му беше определен и притовор. Истиот по доаѓањето на власт на СДСМ беше пуштен од затвор, па во вооружен инцидент го нападна лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски вечерта по изборите.

Нова снимка на која јасно се гледа како лице во придружба на Сеад Рахиќ вади нож и тргнува да убива!

Posted by infomax.mk on Sunday, 15 October 2017

Харун Хаџибулиќ е уште еден познат припадник на скопското криминално подземје. Осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година. Хаџибулиќ 2015 година на митингот на СДСМ на 17-ти мај пред Владата на Република Македонија се наоѓаше во првите редови веднаш до Заев – стои во текстот на „Лидер.мк“

Суат Мемеди, кој е близок соработник и поранешен возач на Мухамед Зеќири беше фатен при поткуп во општина Шуто Оризари.

Еден од најпознатите ликови во скопското подземје во друштво со Заев, кој дури е и чест посетител на неговиот кабинет е Захир Бекир – Чауш, кој беше и во затвор. Кај Чауш беа пронајдени и дел од прислушкуваните разговори кои требаше да бидат предадени на СЈО. Овие разговори кај Чаушот беа пронајдени во хард диск, креирани месец дена откако Бекири беше уапсен за случајот „Фабрика за афери“.

Заев прво одрекуваше дека воопшто го познава Чауш, за после и самиот да признае, дека Чауш е член на СДСМ, но и дека бил во неговиот кабинет во СДСМ – постетуваат од порталот.

Даниел и Дејан Трајковски, се близнаците од Ѓорче, блиски до СДСМ, Петре Шилегов и Зоран Заев, тие во јавноста станаа прочуени по заканата со убиство врз Орче Камчев и Сашо Мијалков.

Даниел Трајковски, брат близнак на Дејан Трајковски кој е во бегство поради осомниченост за убиство во обид, од профилот со име Перла Трајковска, упати сериозни закани и најави за рекет од 50 милиони евра до бизнисменот и сопственик на МПМ, Орце Камчев, како и до екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Браќата Трајковски беа дел од кампањите на СДСМ во минатото, а Дејан беше и обезбедување на Петре Шилегов за време на парламентарните избори 2016 година.

Во друштво на Шилегов и актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин е сликан и Јане Тица, познат лик од скопското подземје, кој во 2004 година во центарот на Скопје, го уби кумановецот Ромео Живиќ, по што Тица беше осуден и одлежа пет ипол години затвор.

Заев се сликаше и со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, во затворот во Идризово.


Заев се сликаше и со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, во затворот во Идризово.

Ова се само мал дел на ликовите од скопското и македонското подземје, кои можат да се видат во друштво на функционерите на власта.

Извор:
Lider.mk

 

Претходно «
Следно »