НОВА НАДЕЖ ЗА ТРЕТИОТ МИЛЕНИУМ: Евроазиската унија нуди повеќе можности, со помалку уцени и поголема независност!

  • June 1, 2016

За многумина шокантно, но Србија започна преговори со Евроазиската Економска Унија и, се чини, ги отфрли ЕУ и НАТО. Ова може да биде пресвртница во постојната геополитичка војна на Балканот и пошироко. Да видиме што е тоа „евроазиска интеграција.
Првата војна против Ирак во 1991, предводена од политичкиот Запад, заедно со распаѓањето на СССР му дадоа поттик на т.н. Нов светски поредок, доминиран од САД. Тоа е униполарен поредок во кој Америка со европските сојузници, членки на НАТО, сакаат да ги контролираат и управуваат, во суштина да ги експлоатираат сите држави, истовремено наметнувајќи го неолибералниот капитализам во секој агол на планетата.


EAU2

Униполарниот свет кој (до) денес е де факто воспоставен отвори повеќе проблеми отколку што успеа да реши. Во неговата основа се т.н. глобализација и/или модијализација, со концептот на Pax Americana, теоретски согледан како американски начин за „воспоставување мир“ во светот, но начин кој очигледно произведува само спротивни ефекти: војни.

Овој концепт не само што претпоставува водечка улога на САД во креирањето на светскиот систем, туку и наметнување на „американскиот начин на живот“ за сите народи и држави на планетава, на либерал-демократскиот систем на вредности, на наметнување врз и асимилација на културните, општествените, политичките и економските принципи, кои во текот на историјата се развивале во саме еден дел од човештвото – во Западна Европа – и кои достигнале свој врв во англо-саксонско опкружување, во Велика Британија, а потоа и САД.

РУСИЈА И ЕВРОАЗИЈА

Ширум светот, на секој нормален му е јасно дека Русија е последната сила на оваа планета која е способна реално (геополитички и воено) даму се споротивстави на Новиот светски поредок и на глобалниот тоталитаризам зад него. Тука не се работи за никаква русофилија, туку за гола одбрана на правото на суверен живот на народите и државите, загрозен од англо-американската олигархија. Ова кореспондира сo мислењата на некои големи духовни учители од 20 век кои, и покрај пустошењата, војните и репресиите низ кои помина Русија, гледаа на неа како на иден центар на универзална обнова на човештвото.

По изборот на Владимир Путин за претседател, руското министерство за надворешни работи издаде специјален надворешно-политички документ во кој предупреди на „засилената тенденција за создавање униполарен свет, финансиски и воено доминиран од САД“. Како одговор, приоритет на руската надворешна политика беше „да стреми кон воспоставување мултиполарен систем на меѓународни односи, што навистина ја одразува разновидноста на современиот свет и големиот број различни интереси“.Тоа беше првиот одбрамбен импулс по Елцин, кој денес се манифестира со отворено спротивставување без комплекси, наидувајќи на поддршка ширум светот.

Следствено, на почетокот на 21 век, се појавува нов политички блок како противтежа на усилбите на САД и НАТО да наметнат униполарен поредок по секоја цена. Тој нов континентален блок е всушност Евроазија. На почетокот од минатиот век, по руската револуција, група руски мислители сакаа да формираат академско политичко движење наречено „Евроазијанизам“, кое се здоби со широка популарност во 20-те години на 20 век. Во 1927, тие објавија: „Кои се евроазијците? Што сакаат да постигнат тие?“ Одговорот, накусо, беше дека Евроазија е посебен културно-историски свет, дека Евроазија е централен континент, дека таа не е ниту само Европа, ниту само Азија, туку поширок посебен ентитет со своја самостојна култура и посебна историска судбина. Неприродно е за Евроазија да ги копира западните облици на живеење, сметаа првите евроазијци.

Обраќајќи се на состанокот на лидерите на азиско-пацифичкиот регион кон крајот на 2000-та година, Владимир Путин го рече следново: „Русија секогаш се чувствуваше себе си како евроазиска држава. Ние никогаш не заборавивме дека главниот дел од руската територија е во Азија“. Тоа беше јасен сигнал, а од тогаш па до фамозната Минхенска конференција во 2007, на која рускиот претседател отворено и директно на англо-американците им рече „Доста беше“, поминаа само 7 години. И уште 7-8 до првата воена интервенција, онаа во Сирија против ИСИС, со што и формално го урна еднополарниот систем. Следните 7 ќе бидат изградба на Евроазиската унија, т.е. на мултиполарниот светски поредок.

Постосоветската, елциновска, исклучително прозападна ориентација беше фундаментална грешка од историски размери. Русија не е Европа и нејзините геополитички потреби се значително поразлични. САД, кои се однесуваат отворено воинствено, никогаш нема да ја прифатат Русија како рамноправен партнер или како голема сила. Слично, Европа никогаш нема да ја прифати Русија во најтесниот круг западни држави. Преостана само една стратегија – евроазиската.

Светската мисијата на Русија не е да го имитира Западот, туку да иницира и поддржи мултиполарен дијалог на култури, цивилизации и држави. Таа е лоцирана идеално да поттикне искрен дијалог меѓу православната, муслиманската и будистичката и другите вери. Суштината на позицијата на Русија меѓу Европа и Азија е во нејзиното неколкувековно придржување кон неетнички ориентиран менталитет. Тоа е суштинска мултикултурност и мултиконфесионалност.

Наместо да ја ослаби, етничката разновидност ја зајакна Русија и го помогна нејзиниот економски, општествен и духовен развој. Со евроазиската ориентација, Русија ја исполнува својата мисија на миротворец: поврзува и комбинира, работејќи на воспоставување хармонично заедничко дејство на различните евроазиски принципи.

На Западот, со неговата етноцентрична психологија и историја на брутален колонијализам и религиозна нетолерантност, секогаш му било тешко да ги прифати вистинската разновидност и религиски плурализам. Таа цивилизациски исклучива европоцентричност е коренот на фашизмот, всушност.

EAU

ГЕОПОЛИТКА НА ЕВРОАЗИЈА, ОПШТО

На геополитичко ниво, на новиот евоазиски концепт може да се гледа како на три сфери или три круга на стратегиско партнерство и добрососедска соработка. Првата сфера е евроазиското јадро, составено од Русија и поранешната Заедница на независни држави, т.е. поголемиот дел од државите на поранешниот СССР. Втората сфера е стратегискиот сојуз со Кина, Индија, Иран и Корејскиот полуостров. Третата сфера е соработката со азиско-пацифичкиот регион, по можност и со државите од Јужната полутопка. Од овој голем Евроазиски сојуз би се развила соработка со Африка и државите од Централна и Јужна Америка, кои веќе искажуваат заинтересираност.

Се разбира, новата евроазиска ориентација е отворена кон Европа и им дава импулс на корисните, мирољубиви и рамноправни односи со европските држави. Големиот копнен мост на Евроазија ќе ги доближи Истокот и Западот, поттикнувајќи поблиска економска соработка и засилен дијалог меѓу културите и цивилизациите. Конечно, новата Евроазија им нуди на луѓето од Запад, а посебно на народот на САД, алтернатива на експлоатацијата и неправедноста на американската олигархија.

Едноставно, на планетарно ниво, евроазиството значи активно и универзално спротивставување на корпоративната глобализација и е исто што и антиглобалистичките движења. Сите антиглобалистички тенденции, иако индиректно, во суштина се проевроазиски. Тие се логички поддржувачи на евроазискиот федерализам. Тоа е комбинација на стратегиско единство и етно-културен и политички диверзитет и автономија.

ЦИВИЛИЗАЦИСКО САМОСПОЗНАНИЕ

Атлантизмот не е универзален. Евроазиството ги отфрла атлантизмот и американизмот, но не ги отфрла докажаните вредности од каде и да доаѓаат. Образецот на Западна Евроапа и Америка има многу привлечни одлики кои можат да бидат присвоени, но како целина, тоа е главно културен систем кој има право да постои во својот сопствен историски контекст заедно со други цивилизации и културни системи.

Евроазиската идеја ги штити не само антиатлантистичките вредносни системи, туку различноста на вредносните структури. Тоа е еден вид „поливерзум“ кој обезбедува животен простор за сите, вклучително и за САД и атлантизмот, заедно со други цивилизации, бидејќи евроазиството исто така ги брани и цивилизациите на Африка, на двата американски континенти, како и на Пацифичкиот регион паралелно со евроазиската целина. Евроазија, тоа е мултиполарност.

Согледана од историска перспектива, од аспект на развитокот на цивилизациите, како и од аспект на општествените и културни императиви, идејата за евроазиството може да се смета за единствена реалистичка противтежа на досегашната англо-американска глобална хегемонија, со нејзиниот концепт на „невидлива рака“ на капиталистичкиот слободен пазар и непочитување на националните суверенитети. Евроазија ја дава мотивирачката идеја за победа над англо-американската олигархија и нејзиниот лихварско-експлоататорски менталитет.

Евроазија е нов поглед на светот и нова, динамична геополитичка визија за Третиот милениум, со специфични, единствени културни, политички, економски и духовни димензии. Таа е најблиску то концептот за вистинско обединување на планетата во мир и просперитет.

Старите евроазијци, на почетокот на минатиот век ги исфрлија овие два слогани: „Спознај се себе си“ и „Биди тоа што си“. Големиот евроазиски мислител Н.С. Трубецкој инсистираше на тоа дека секоја нација оформува физиолошка целина, аналогна на сложената личност на индивидуата. Тоа е органистичкиот пристап, својствен и за германската геополитичка школа.

Самоспознанието е највисоката цел на индивидуата. Највисока должност на секоја нација, во тој контекст, е исто така себеспознанието, две активности кои меѓусебно се зајакнуваат. Индивидуите, откривајќи се себе, созреваат да ги осознаат националните карактеристики, со што придонесуваат кон националната култура. Се чини, денешната агресивна и тоталитаристичка тенденција на политичкиот Запад за асимилација на помалите народи не им остава место за друг пристап освен овој. Тоа е гола борба за опстанок на идентитетот.

Новиот евроазиски поглед на светот е неизбежен резултат од потрагата по реална и остварлива алтернатива за светот во кој доминираат САД и нивниот приврзок ЕУ. Потрагата по нова визија за животот и по општество кое соодветствува на потребите на новиот век досега беше силно попречувана од стерилните западни материјалистички вредности и нивната националистичка егоцентричност. На крајот, сепак, нивната налудничава желба да владеат со цел свет, кој произведе толку страдања, е осудена на пропаст.

Претходно «
Следно »