НОВА, ОГРОМНА ИНВЕСТИЦИЈА: „Копер Инвестмент“ ќе инвестира нови 350 милиони евра во Македонија!

  • August 25, 2016

Задоволен од соработката со македонската Влада, условите за инвестирање кои ги нуди нашата земја и сите поволности кои им се нудат на инвеститорите, Копер Инвестмент одлучи да направи огромна инвестиција.

Владимир Скубенко, претседател на одбор на директори на Копер Инвестмент во изјава за Канал 5 најавува дека ќе вложи во Македонија нови 350 милиони евра за изградба на нов рудник и тука ќе продолжи со својата работа.

-Многу ми е мило дека дојдовме во краток рок за почнување на производство на бакар. Првиот проект е инвестирање на 35 милиони евра за производство на бакар во Македонија. Планираме да ја изградиме фабриката за 12 месеци и да го извадиме првиот производ. Понатаму планираме да инвестираме во друг локалитет каде се планира 10 пати поголема инвестиција околу 350 милиони евра. Паралелно ќе изградиме фабрика за производство на бакарни производи. Ќе има можност за добивање на бакарни резерви. Многу сум и благодарен на Владата на Република Македонија дека ни дава можност за многу краток рок да завршиме со геолошко истражување и започнување на изградба на комплексот и за една година да почнеме со производство на конечниот продукт. Добра е политиката на отворени врати за инвестиции, доста инвеститори доаѓаат во Македонија и мислам дека е ова многу добар пример за други инвеститори кои доаѓаат во Македонија. Имам доста пријатели кои доаѓаат со мене тука заедно и имаат намера да отворат свои бизниси во Македонија и ова како пилот проект за да започнат и тие свој бизнис во Македонија, рече Скубенко.

Претходно «
Следно »