НОВА ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА: ДУИ во коалиција со СДСМ под услов кандидатот за претседател на Македонија на следните избори да биде Албанец

  • October 11, 2018

Партиски избори од политичките партии на Албанците во Македонија брифираат дека идеологот на Тиранската платформа, шефот на Албанската дипломатија, Дитмир Бушати веќе имал роковник за најавени средби, пренесува Магазин.

Имено и пред изборите во 2016 година, претседателите на политичките партии на Албанците во Македонија остварија три средби во Тирана.

Средбите беа реализирани на повик на премиерот Еди Рама но во основа со нив раководеше иделогот на Тиранската платформа, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

На нив во 2016 година беше постигната т.н. Тиранска платформа, која имаше 2 официјализирања. Едното беше потпишувањето во Тирана додека другото беше парадното потпишување во Скопје.

Притоа албанските партии за време на целиот процес од предизборната кампања ги повторуваа 7-те точки низ 21 барање од Тиранската платформа за кои ВМРО – ДПМНЕ предупредуваше дека ќе предизвика нова политичка криза, додека СДСМ и Заев упорно говореа дека Тиранската платформа не постои и дека таа е плод на имагинацијата на власта.

Неодамна несудениот претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, актуелен национален координатор за НАТО јавно изјави дека Заев и знаел за Тиранската платформа и ја прифатил затоа што само тие 10 пратеници на ДУИ значеле можност за власт и мандат и тоа морало да се искористи да падне режимот.

Воедно Пендаровски изостави да повтори дека за СДСМ 10 години режим во Македонија беше владеењето на ВМРО – ДПМНЕ со ДУИ.

На маса во Тирана Бушати има 2 сценарија. Надградба на Тиранската платформа како таа е веќе во 90 отсто реализира или создавање на нова. На маса се предлоги за кантонизавија по уставна ревизија, како природен процес по имплементирање на билингвална држава на два народи, (Северно) Македонскиот и Албанскиот и етничките заедници.

Бушати предлага по имплементирање на уставните измени ако се обезбеди и 2/3 мнозинство да се реализира и надградба на Законот за локална територијана поделба на Македонија со што единиците на локалната самоуправа кои имаат мнозинско етничко албанско население за подобра економска соработка би имале право да формираат пошироки форми на организирано делување.

Воендо Бушати го следел и процесот на немоќ на Заев да ги испорача ветувањата и до албанските политички партии во Македонија но разединетоста кај албанскиот етнички електорат кој на последните избори го намалил бројот на албански пратеници во Собранието на Македонија од 27 на 20.

Во Тирана ќе се разговара и опцијата “Б” што ако ВМРО – ДПМНЕ освои повеќе пратенички мандати?

Според информациите и на оваа тема на маса имало 3 предлози.
ДУИ да ја понуди новата платформа на ВМРО – ДПМНЕ ако има повеќе пратеници што е извесно но незивесно било дали ВМРО – ДПМНЕ би прифатиле воопшто коалиција повторно. Да се изврши притисок врз помалите партии како БЕСА и Алијанса за Албанците и ДПА да направат коалиција со ВМРО – ДПМНЕ сепак темелена на новите барања.

Или да се прифати коалиција со СДСМ под услов кандидатот за претседател на Македонија на следните избори да биде Албанец со што би се исклучила правната можност од вето и т.н. џебно вето за законски решенија кои актуелниот претседател Иванов ги применува.

Претходно «
Следно »