December 5, 2021, 9:29 am

Новинарите Марија Реса и Димитриј Муратов се добитници на Нобелова награда за мир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарите Марија Реса и Димитриј Муратов ја добија Нобелова награда за мир за 2021 година за нивниот придонес во заштита на слободата на изразувањето во Филипини и Русија.

„Слободното, независно и точно новинарство служи како заштита против злоупотребите на власта, лагите и воената пропаганда. Норвешкиот нобелов комитет е убеден дека слободата на изразување и слободата на информациите помагаат во добивањето информирана јавност. Овие права се клични предуслови за демократија и штитат против војна и конфликт. Наградата за Марија Реса и Димитриј Муратов има цел да се потенцира важноста од заштитата и одбраната на овие основни права“, соопштија од Нобеловиот комитет.

Реса ја користеше својата слобода на изразување за да открие злоупотреба на власта, користење на насилство и растот на авторитаризмот во нејзината родна земја, Филипини. Таа е го води „Раплер“, дигитален медиум за истражувачко новинарство. Како новинар таа успеа да даде јавност на контроверзната и убиствената кампања на претседателот Дуерте против наркотиците. Бројката на смртни случаи е толку висока, што оваа кампања повеќе наликуваше на војна против сопственото население. Реса и нејзиниот медиум исто така документираа како социјалните мрежи се користат за ширење на лажни вести, осудување критичари и манипулации со јавниот дискурс.

Муратов, пак, е основач на независниот руски весник „Новаја Газета“. Од 1995 година е главен уредник во медиумот кој до денеска претставува еден од најнезависните весници во Русија, со критички однос кон власта. Новинарскиот пристап на весникот и професионалниот интегритет го направија важен извор на информации од цензурираните делови на руското општество, кои ретко се прикажуваат во другите медиуми.

Latest News

Дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година се враќа на усвојување во Собранието

Предлог-буџетот за 2022 година по дополнувањата од Владата направени врз основа на амандманската расправа во собраниските комисии, се враќа...

More Articles Like This