January 24, 2021, 4:39 am

НОВИОТ УСЕИН БОЛТ: 7 годишниот Рудолф е најбрзото дете на светот!

Поврзано

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

Еликсир на младоста: Кинезите открија средство што го забавува стареењето

Кинески истражувачи тестираат ново средство за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на...

Златник од 18 век е продаден за 9,36 милиони долари

Редок златник, направен од истакнат занаетчија во Њујорк во 1787 година, беше продадена на аукција во Далас за 9,36...
- Advertisement -

Рудолф Инграм Јуниор веќе има свој прекар – „Големата молња“, додека други го нарекуваат следниот Усаин Болт.

Иако има само седум години, малиот веќе има свој Инстаграм профил со над 300.000 следбеници, а освен трчање, тренира и американски фудбал.

Ова момче го привлече вниманието на планетарни ѕвезди од светот на спортот како Леброн Џејмс, како и вниманието на Tampa Bay Buccaneers. Вниманието на пошироката јавност го привлече со трката на која седумгодишниот Рудолф истрча сто метри за само 13,48 секунди, што претставува американски рекорд во категоријата во која влегува неговата возраст. Малиот Рудолф почнал да тренира кога имал само 4 години.

„Можам да му ја овозможам сета опрема која му е потребна за да биде одличен, но неговата сила, работната етика и волката за успех се оние нешта кои го мотивираат, движат и доведуваат до одлични резултати. Тој не сака да се чувствува како губитник. Сака да победува“, вели таткото на Рудолф.

Тој го води неговиот Инстаграм профил и ги следи неговите тренинзи. Вели дека се обидува да биде сигурен дека неговиот син ќе има нормален живот.

„Никогаш не сум пропуштил тренинг, никогаш не сум пропуштил натпревар и работам на сите негови тренинзи. Тој е голема ѕвезда за другите луѓе, но за мене е само бебе. Јас сум снимател, тренер, негов возач и сето тоа без никаков надомест. Моја желба е да го видам што посреќен во она што сака да го прави“, додава таткото.

Се надева дека еден ден неговиот син ќе се натпреварува на Олимпијада.
„Но, и да не отиде на Олимпијада, не е важно. Одиме понатаму. Важно е дека секогаш стојам зад него. Мора да стоите зад вашето дете и постојано да го поддржувате, па на крајот тоа сигурно ќе стане некој во животот“, заклучува таткото.

Освен што се занимава со трчање и фудбал, Рудолф Инграм Јуниор повремено е ангажиран и како модел.

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This