НОВИ ДЕТАЛИ ЗА BOOРУЖЕНИОТ ГPAБЕЖ ВО НЛБ: Од експозитурата одземени се 8.700 евра

  • January 17, 2020
  • Коментари

Во вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени се 8.700 евра, информираат од Банката. Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

 

 

НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета, велат од Банката.
Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година, стои во соопштението од Тутунска.

НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.

Претходно «
Следно »