НОВИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО:Се враќа снегот

  • February 21, 2017

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

skopjesnegpark20175

В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Претходно «
Следно »