НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Од денес поевтинуваат бензините и дизелот!

  • June 4, 2019

Поевтинуваат бензините и дизелот.

Малопродажната цена на бензините и дизелот од денеска се намалува за денар до денар и половина. Вака одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за околу 1,5 денари во следните седум дена.

Новата цена на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ ќе чини 72 денара за литар, а „еуродизелот“ од полноќ ќе се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, ќе се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Претходно «
Следно »