October 30, 2020, 8:26 pm

НОВИ 3AГPИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА – дури 40 илјади луѓе останаа без работа од kopoна kpизата

Поврзано

Ќе поскaпат ли горивата?: Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно последната...

Горивата од полноќ со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно последната...

Доаѓа нoвa „зomби криза“: Прво ќе ги пoгoди бaнkите, а она што се очекyвa мoжe caмо да го забpзa банкpoтoт

Германскиот економист Рајнт Гроп, претседател на Институтот за економија Хејл предупредува дека Германија влегува во финансиска криза поради пандемијата...
- Advertisement -

Корона кризата го зема својот данок преку се поголем број отпуштања во земјава и нови невработени.

За период од шест месеци од стартот на кризата, или конкретно од крајот на февруари наваму, поради економските последици предизвикани од коронаврирусот, во земјава без работа останале дури 38.943 лица.

Тоа го покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување.

Според последните показатели, Агенцијата регистрираше Нови три илјади невработени само во август годинава.

Конкретно, најновите бројки на Агенцијата за вработување покажуваат дека во август бројот на невработени лица во земјава достигнал 144.759 невработени, што во однос на јули е зголемување за точно 2.982 невработени.

Сепак, иако станува збор практично за три илјади отпуштања, августовскиот раст на бројот на невработени е понизок од оној што се случи во јули, а кој изнесуваше над осум илјади лица, или прецизно 8.322 граѓани од земјава кои во тој месец останаа без работа.

Во јули, како што покажуваат податоците на Агенцијата, бројот на невработени изнесуваше 141.777 лица, наспроти 133.455 лица кои беа невработени на крајот на јуни.

Претходно, во јуни, пак, Агенцијата за вработување забележа уште поголем раст на бројот на невработени, дури 12.268 лица во шестиот месец од годинава ги изгубија своите работни места, во споредба со крајот на мај, кога бројот на невработените изнесуваше 121.187 лица.

Или, ако се направи споредба во однос на крајот на февруари, со оглед што корона кризата почна на средината на март, може да се констатира дека таа за период од половина година донесе отпуштања од дури 40 илјади, или прецизно 38.943 нови неработени.

Како што е познато, државата одобри мерки за заштита на работните места, односно субвенции за газдите кои ќе ги задржат своите вработени. Но, откако тие прекинаа, во очекување на четвртиот сет мерки, нагло порасна и бројот на невработените.

Премиерот Зоран Заев исто така, неодамна рече дека има чуден раст на бројот на невработени откако прекинаа државните мерки за парична помош за фирмите, и ги повика газдите да не ги отпуштаат работниците, најавувајќи го и и четврти сет економски мерки.

Latest News

Во Прилеп работници со температура и koвид cимптоми принyдeни да одат на работа и да kpијат дека се бoлни

Во Прилеп се оди на работа и со koвид симтоми и 38 температура. Центарот за јавно здравје вели дека...

(Вознемирувачко фото) Мyслимани зaпaлија маж во Бангладеш откако случајно згaзнaл на Куранот

Мaж е линчувaн од бecна толпа во северен Бангладеш откако е обвинeт за бoгохулење додека бил во локална џамија, пренесува РТ. Жpтвaта била приведенa,...

Филипче потврди за Инфомакс: Нов црн peкорд во Македонија, за 24 час 935 новозapaзени

Министерот за здравство Венко Филипче за Инфомакс потврди дека бројот на новозаразени во последните 24 часа во Македонија изнесува 935. Министерот го потврди црниот...

Димитриевски koнтра Заев: Граѓаните бараат владеење на право, а во Македонија нeма….

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно“, при што посочи дека граѓаните бараат владеење на право, а во...

Поранешен шпион на Мосад открива зошто во Франција „бecнeе“ теpopизмот

Скоро е невозможно да се спрeчи каков било тepopистички напaд во Франција, едноставно затоа што е крајно тешко да се прoникне во умовите на...

More Articles Like This