НОВО ИМЕ ОД ЈУНИ: Јоханес Хан е убеден дека името на земјата ќе се промени до крајот на јуни

  • February 16, 2018

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денес во Софија изјави дека ЕУ е уверена дека спорот помеѓу Македонија и Грција ќе биде завршен до крајот на јуни

Запрашан дали спорот помеѓу Грција и Македонија би можел да се реши до крајот на претседателствувањето на Бугарија со ЕУ, Хан изјавил дека е убеден во тоа.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева исто така изрази надеж дека одлуката за отворање на пристапните преговори на „БЈРМ“ и ЕУ ќе започнат во јуни.

„Земајќи ги во обзир моменталните случувања и преговори, верувам дека постои голема шанса тоа да се случи“, изјавила Захариева и додава дека владите на Грција и Македонија покажале политичја волја да се најде трајно решение.

Претходно «
Следно »