НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Регулаторна ги објави новите цени на горивата

  • September 2, 2019

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ имаме мало зголемување на цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 0.17%.

Сепак, бидејќи се работи за просек – намалувањето всушност значи дека цените на бензините се зголемуваат за по половина денар, додека цената на дизелот останува иста.

Така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе чинат 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува и еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 61.00 денари. Цените ќе се сменат вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.

Претходно «
Следно »