НОВО ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ: Екс дипломат најавува дека Република Српска ќе се отцепи од Босна

  • January 3, 2019

Поранешниот дипломат и воедно директор на Британскиот аналички центар ,,Нова Европа”, Тимоти Лес прогнозира нова промена на граници на Балканот. Имен оспоред него Србите кои живеаат во Република Српска и се дел од Босна и Херцеговина се крајно незадоволни од заедничкиот живот и токму поради тоа многу веројатно е дека ќе се отцепат од Босна.

-Тие се чувствуваат дека безбедноста им е загрозена од политиката на Сараево и длабоко се повредени од наметнатите одлуки, особено за време на администрацијата на Педи Ешдаун, која дополнително ги оддалечи од Босна, изјави Лес во интервју за белградскиот неделник НИН.

Дополнителна причина според него е и промената на ставот меѓународната заедница во однос на оваа млада европска држава.

-Во последните 20 години Запад имаше супериорност над Босна и ги држешетвори сите опции затворени, што значи дека дури и ако босанските Срби сакаа да се дистанцираат од Сараево, но тоа не им беше дозволено . Денес, Европската Унија се соочува со минимално влијание што го има во Босна поради фактот бидејќи не планира проширувањ, вели Лес.

Тој оценува дека и интересот на САД на Балканот опаѓа, создавајќи ситуација во која што босанските Срби имаат можност да ја протуркаат идејата за отцепување.

Претходно «
Следно »