НОВ БУЧЕТ, НОВИ РАЗОЧАРУВАЊА: Новиот државен буџет предвидува помалку пари за земјоделска поддршка од предизборните најави

Поврзано

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БEЗБEДНОCТ: Вoнрeдна cоcтојбa уште две недели?

Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели. Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се...

ЖAЛОCНO: Пoчинa десетмесечното бебе кое со кoмпликaции од Koвид-19 итнo беше испратено во Швајцарија

Швајцарските здравствени власти потврдија прва смрт на дете од ковид-19. Бебето кое починало од можни компликации од инфекција на...

(ФОТО) ЧУЛЕВ ГО ПРИЛОЖИ ДОКУМЕНТОТ ОД УПРАВНИОТ СУД: Владата нeзaконcки ги пoништилa моите одлуки

Управниот суд на седницата одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи...

Ветени 160, планирани 138 милиони евра. И новиот државен буџет предвидува помалку пари за земјоделска поддршка од предизборните најави.

„За земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра годишно. Предвидуваме 30 проценти повеќе субвенции за секое ново грло добиток, а 20 проценти за секој нов хектар“ стои во „Планот за живот во Македонија“.

„Кога зборуваме за ова би требало и јавноста да знае дека ние наследивме огромни долгови“ изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во дебатата на МТВ.

Премиерот пак вели дека испланирале помалку пари од она што ветиле бидејќи и досега не се трошел целиот износ.

„Субвенциите оваа година се проектирани на 8.5 милијарди денари. Тоа е 140 милиони евра, не е 160. Досега се исплаќаа во просек меѓу 90 и 100 милиони евра. Сега исплатата е 100%“ изјави премиерот Зоран Заев.

Освен помалите субвенции ќе има и помала поддршка за т. н. зелена нафта.

„Намалување на акцизната давачка нафта за земјоделска механизација за 50%“ пишува во предизборната програма на СДСМ а сега со новиот буџет се предвидува поддршка од 30%.

Неизвесно е кога ќе започне овој проект со оглед на тоа што веќе неколку пати беше одложуван – на 1 јануари годинава беше воведена дополнителна акциза од 3 денари за литар дизел, но не и субвенционирано гориво за земјоделците со што нивните трошоци драстично пораснаа.

Засега нема ништо и од најавите за намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти за ветеринарно – медицинските лекови.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести