January 19, 2021, 4:07 am

Нов кopoна-клacтep во кумановскиот затвop?

Поврзано

И жените ќе се пензионираат на 64 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во готувањето на ТВ 24 истакна дека во собраниска процедура во...

Излижaa каде плykaa: Нели со Србија раководеше националистичко раководство?

-Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти одлична вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне...

(Видео) Ги фaлeшe во живо СДСМ додека вози: Мартин Костовски е kaзнетиот пратеник од СДСМ

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, снимаше видео на мобилен телефон додека возеше. Видеото го објави на социјалните мрежи пред...
- Advertisement -

Неофицијално Инфомакс дознава дека во затворот во Куманово, К’шање еден од затворениците е позитивен на опасниот коронавирус. Информацијата се обидовме да ја потврдиме контактирајќи го затворот, но од вработените не добивме ниту потврда ниту демант за информацијата. Од затворот во Куманово не упатија да ја контактираме Управата за извршување на санкции за повеќе информации, но на телефонот објавен на страницата на Министерството за правда се вклучуваше телефонск секретарка.

Според нашите информации сега за сега само еден затвореник е позитивен на Ковид 19, но претходно истиот затвореник имал контакт со повеќе други останати затвореници.

Затвореникот е однесен на Инфективното одделение во Куманово на 14-ти ноември каде по тестирањето бил дијагностициран со Ковид 19. Останатите затвореници кои биле во контакт со заразениот затвореник се ставени во соба во притворскиот одделение во изолација.

Затворениците се загрижени за своето здравје имајќи во предвид дека лекар ги посетува само 2 пати во неделата, а затоврениците немаат 24 часовна лекарска помош. Нашите извори велат дека сите затвореници имаат меѓусебен контакт, а досега не се направени никакви тестирања.

Претходно коронавирусот се ширеше во штипскиот затвор заразени беа затворски полицајци, двајцата здравствени работници и неколку осуденици.

Latest News

Внимавајте утре: Најавена блоkaда патот кон Пониква поради вежби на МВР

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај...

More Articles Like This