Нов лек со ветувачки резултати во лекувањето на ковид-19

Поврзано

Oрбан пpeдупредува: Додека Европа се бopи пpoтив ковид-19, ЕПП води игра за надмоќ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше денеска Европската народна партија (ЕПП), која Фидес неодамна ја напушти, дека се занимава...

Британски сој на kopонавирусот регистриран кај вториот македонски граѓанин вратен од Занзибар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент...

ЕК: „Cпyтник V“ нe e дeл oд ЕУ cтpaтeгиjaтa зa вakциниpaњe

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела...
- Advertisement -

Шпанската фармацевтска компанија „ФармаМар“ објави дека е објавен труд во списанието „Наука“ каде се потврдува дека нивниот лек „плитидепсин“ има „силна претклиничка ефикасност“ во третманот на ковид-19.

Студијата е спроведена „ин витро“ и „ин виво“ од тим научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз и покажа дека лекот ја намалува репликацијата на вирусот, што резултираше со 99 процентно намалување на вирусното оптоварување во белите дробови на животни третирани со плитидепсин, објавено е во списанието „Наука.

„Ние веруваме дека податоците што ги имаме и првичните позитивни резултати од клиничките испитувања на компанијата „ФармаМар“, укажуваат на тоа дека треба да се земе предвид плитидепсинот кога станува збор за проширени клинички испитувања во третманот на ковида-19“, објави ова списание.

Лекот, кој е веќе одобрен на некои пазари за третман на тумори, го блокира протеинот поврзан со ковид-19.

Способноста на лекот да предизвика токсични ефекти врз еден орган, органски систем или повеќе од нив, е добро позната подолго време, а досега спроведените тестови покажаа дека пациентите ја толерираат употребената доза, објаснуваат од компанијата.

Компанијата „ФармаМар“ објави дека е во преговори со различни регулаторни агенции, што ќе и овозможат да ја започне третата фаза на тестирање на лекот.

На 24 јануари, на порталот Биорксив беше објавена копија од студијата спроведена со учество на британски научници, а на 25 јануари беше објавена слична студија во списанието „Сајанс“. Според него, кај човечките клетки, плитидепсинот е 27,5 пати поефикасен во инхибиција на активноста на САРС-CoV-2 отколку на ремдесивирот, делувајќи на одредени протеини кои играат важна улога во животниот циклус на вирусот.

Сан Франциско Хроникл објаснува пак дека за разлика од другите лекови, плитидепсинот не влијае на протеините на самиот вирус, туку на протеините на клетките што ги користи вирусот за да ги реплицира. Студии беа спроведени на мајмуни и глувци, и во Шпанија – кај луѓе како дел од втората фаза на истражување на лекови од „ФармаМар“. Лекот бил администриран кај 45 пациенти со КОВИД-19. Според прелиминарните податоци на компанијата, тој го скратил периодот на хоспитализација за пациентите: 81% од пациентите биле отпуштени во рок од 15 дена, во споредба со вообичаената стапка од 47%.

Latest News

Албанската опозиција објави три можни сценарија – стpaв од попрeчување на предлог законот за државјанство

Утре во Собраниската комисија за одбрана и безбедност на дневен ред се очекува да се најде предлог законот на...

More Articles Like This