НОВ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР ЗА СОПРУГОТ НА ЦАРОВСКА: 1 милион од Град Скопје!

  • May 20, 2019

Речиси еден милион денари од Град Скопје добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, чиј спственик е неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, открива Економски Лидер.

Горан Георгиевски, кој живее во заедница со министерката Царовска, доби тендер вреден 967.600 денари од Град Скопје за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, ди ви депoнии и останати зони во градот.

Како што открива Лидер дроновите на сопругот на Царовска ќе го набљудуваат градот во рок од траење од една година. Договорот помеѓу Георгиевски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов е склучен на 8 мај.

Ckaндалозно во оваа набавка е сопствеништвото на фирмата која го добила тендерот. Ги прашуваме одговорните дали министерката Царовска влијаела нејзиниот сопруг да го добие овој тендер?

Инаку ова не е прв пат невенчаниот сопруг на Царовска да добива тендери. За потсетување, Лидер пишуваше на почетокот на годината за трите јавни набавки кој Георгиевски ги добил со вкупна вредност од 1.5 милиони денари. Лидер јавно ви го доставува договорот помеѓу Шилегов и Георгиевски за дроновите:

Претходно «
Следно »