January 16, 2021, 9:46 am

Нов симптом на Koвид 19: Ако го имате овој вкус во устата време е да се обратите кај вашиот лekap

Поврзано

Даштевски: Во ДИК ќе се работи само стручно и професионално

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи...

Новинapкaтa Тpajковска: Се уште не можам да ја свapaм во глaвaтa фyнкциjaта на Љупчо Николовски

Новинарката на емисијата Топ Тема на ваша страна Оливера Трајковска жестоко реагира на именуваните функции на високите претставници на...

(Фото) Ове се деталите од пpecтpeлkaтa пред Градската бoлницa

Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред...
- Advertisement -

Во текот на последниве месеци можеме да слушнеме за разни необични и чудни симптоми кои предупредуваат на инфекција со КОВИД-19. Губење на осетот за мирис и вкус спаѓа меѓу најчестите. Трајниот метален вкус е помалку познат симптоми на новиот коронавирус и се нарекува дисгеусија. Инаку, изменетиот осет за вкус може да има широк спектар на причинители кои може да бидат привремени или долготрајни.

Студија објавена во Националата здравствена библиотека на САД, ги истражувала симптомите на КОВИД-19.
“За голем број луѓе заболени од вирусни инфекции на горните дишни патишта, искуството на консумирање храна и перципирањето на вкусот често е отапено поради ринитис, носна опструкција или директна вирусна повреда на мирисниот невоепител“, наведуваат лекарите кои посебно се фокусирале на еден случај кој го презентирале во студијата.

“Жена на возраст од 59 години со Итна помош била донесена во болница на 29 март, оваа година. Неколку дена чувствувала отежнато дишење, замор и губење на апетитот. Околу една недела претходно, пациентката почнала да чувствува намален апетит и незаинтересираност за храна. При јадење на храна во која инаку уживала, чувствувала и метален вкус во устата. Позитивен наод на коронавирус добила на 2 парил 2020“, опишале лекарите.
Националната здравствена служба на Велика Британија истакнува дека металниот вкус може да биде симптом на различни состојби и дека лекувањето зависи од причината.

“Вообичаени причинители се болести на непцата, земање лекови како антибиотици, настинка, инфекција на синусите или други проблеми со дишните патишта“, потенцираат експертите.
Доколку ја забележите оваа нуспојава, посоветувајте се со вашиот лекар што понатаму треба да превземете за евентуално лекување или тестирање.

Latest News

И американскиот миниcтep зa здpaвcтвo Азар пoднece ocтaвкa

Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар синоќа поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз Конгресот бил...

More Articles Like This