September 26, 2020, 9:47 am

Нов тест покажува кои маски се најефикасни

Поврзано

Oбeдинeтoтo Kpaлcтвo вo cлeднитe 4 гoдини во СЗО ќе пapтиципиpa co 430 милиoни фyнти

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30...

Pacтe бpoјoт на зaбoлeни од Koвид-19, мoжни нoви pecтpикции

Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и...

Франција ја надмина бројката од 500 000 зaболени од коpoнавирус

Франција додаде 15.797 нови случаи со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со тоа вкупниот број на случаи...
- Advertisement -

Група истражувачи од Универзитетот „Дјук“ создале едноставна техника за анализирање на ефективноста на повеќе видови маски за лице, кои веќе станаа дел од нашето секојдневие. Во истражувањето објавено месецов истражувачите покажале едноставен метод со ласерски зраци и мобилни телефони за тестирање на ефикасноста на маските.

Методот го тестира пренесувањето на респираторните капки при зборувањето. Мартин Фишер, еден од авторите на истражувањето, објаснил за Си-ен-ен дека за тестирањето се користат црна кутија, ласер и камера. Со помош на камера од мобилен телефон се снима светлината која се распрснува во кутијата од респираторните капки додека поминуваат низ ласерските зраци во текот на зборувањето.

Здравствените власти со месеци повторуваат дека маските се една од најефикасните алатки во борбата против пандемијата, а многу земји воведуваат правила за задолжително носење на маските за лице поради истата причина. Меѓутоа, истражувачите од „Дјук“ откриле дека некои маски се речиси бескорисни. Биле тестирани 14 најчесто користени маски. Секоја од нив била тестирана 10 пати.

Најефикасна маска била маската Н95, која најчесто ја користат здравствените работници. Хируршките маски со три слоја и памучните маски што се прават дома исто така биле ефикасни.

Заштитните маски што се носат на вратот и често ги користат спортистите биле најмалку ефективни. За време на носењето на овој вид маска се шират најмногу респираторни капки бидејќи материјалот ги разделува поголемите капки во помали честички кои полесно се пренесуваат преку воздухот.

Марамите и плетените маски, исто така, не биле многу ефикасни и не нуделе голема заштита. Фишер открил дека бројот на честички што биле измерени додека се тестирале плетените маски бил поголем од бројот на честички што биле измерени при зборување без носење маска.

– Сакаме да потенцираме дека навистина ги охрабруваме луѓето да носат маски, но сакаме тие да носат маски што навистина функционираат – изјавил тој.

Кога станува збор за методот за тестирање маски, Фишер не го препорачува за тестирање во домашни услови освен од страна на лица што имаат искуство со моќни ласери.

Истражувачите се надеваат дека компаниите, музеите и другите установи ќе го користат тестот за да им покажат на луѓето кои маски се најефикасни. Освен тоа, методот може да се користи и од страна на компании што произведуваат маски за лице, вели Фишер.

Извор CNN

Latest News

Во Тeтoвo пoвpeдeнo ocyмгoдишнo дeтe oткaкo вo нeгo yдpил aвтoмoбил

Вчера во Тетово повредено е осумгодишно дете откако автомобил удрил во него. Како што соопштуваат од МВР: „Во Тетово, на...

Командантот на УЧК и братучед на Харадинај со шokантна изјава: Уб ивав српски војници секогаш кога имав можност за тоа

Потпретседателот на здружението на ветерани на Ослободителна војска на Косово УЧК, Насим Харадинај, кој вчера беше уапсен во Приштина, даде шокантна изјава фалејќи се...

(Видео) Ceдyм лицa yaпceни пopaди нaпaдoт со caтap кaj Шарли Ебдо во Париз

Полицијата како терористички чин го третира нападот изведен вечера во Париз во кој близу канцеларијта на старичното списание Шарли Ебдо се избодени најмалку две...

Oбeдинeтoтo Kpaлcтвo вo cлeднитe 4 гoдини во СЗО ќе пapтиципиpa co 430 милиoни фyнти

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30 отсто ќе го зголеми својот...

Bлaдaтa имa пapи зa лyбpикaнти и koндoми, а нeмa пapи зa нoви yчилиштa

Дел од училишта без елементарни услови за настава, a 40.000 деца без компјутер за следење на онлајн наставата. И, наместо да се инвестираа во...

More Articles Like This