September 19, 2020, 4:39 pm

Нов ckандал, еве зошто пocкапува струјата

Поврзано

За сите родители и ученици: Ова протоколот за следење на наставата

Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон...

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција. Се вршат патроли,...

Дали Јанкулоска ќе бара одложување на затворот за да се грижи за детето?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд и ја потврди затворската казна од четири години...
- Advertisement -

Откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се покачи цената на струјата за 7,4 % проценти, тензиите во јавноста не се смируваат. Ова покачување се однесува на домаќинствата и на малите потрошувачи кои се снабдуваат од универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.

Ова е ставот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ:

За поскапувањето на струјата, претседателот на Регулаторната комисија истакна дека: „Одлуката за зголемување на цената на струјата била донесена врз основа на детални анализи и дополнителни податоци добиени од енергетските компании. Како и дека според него, граѓаните треба да имаат разбирање за ова поскапување бидејќи барањата на енергетските компании детално биле анализирани и побарани биле дополнителни податоци, бидејќи доколку ги прифателе нивните барања, тогаш цената ќе се зголемела за 25 проценти.“ Нека не ја замајува јавноста Претседателот на РКЕ со вакви „приказни“ за мали деца, бидејќи анализата на РКЕ за новите цени се прави врз основа на трошоците за компаниите за 2019 година. А, јавноста е сведок дека во 2019 година немавме корона криза.

Понатаму РКЕ согласно Законот за енергетика треба постојано да го следи пазарот со електрична енергија, па ако се појавиле толку големи разлики и трошоци кај комапниите што би предизвикале зголемување од 25 %, зошто не реагирале навреме? Зошто чекаа да поминат изборите па да ги објaват овие фрапантни податоци?

Согласно Законот за енергетика, производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет во Република Македонија е должен на универзалниот снабдувач, во постапките за набавка за електрична енергија, во согласност со правилата за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач, да му понуди на продажба електрична енергија и тоа: во 2020 година најмалку 75% од вкупните годишни потреби на снабдувачот.

Ако Ковачевски се фали дека цената за електричната енергија на ЕЛЕМ по која ја продава на ЕВХ ХОМЕ е скоро за 55 % поефтина од онаа на либерализираниот пазар, зошто тогаш свесно ја носи комапнијата во загуба? Наместо да продава само 75 % од производството на ЕЛЕМ по таа ниска цена, а остатокот од 25 % да го продава како вишок по многу повисока цена со што компанијата нема да реди загуби! Дали причина за ваквото свесно уништување на ЕЛЕМ е незнаењето да се менаџира компанијата или пак на грбот на граѓаните се овозможува екстра заработувачка на приватна компанија од што најголем интерес ќе има само семејството Заеви?!

Згора на сė, за ЕВН ХОМЕ се обезбедува огромна маржа од 11,5 % , која е повторно на грбот на граѓаните на Република Македонија. Ако се погледнат приходите на ЕВН за 2018 и 2019 година ќе се забележи дека компанијата има профит од околу 35 милиони евра. Тогаш зошто е потребно зголемување на цената ако компанијата нема загуби? Дали на овој начин Заеви дозволуваат профит на приватна компанија на грбот на граѓаните на Република Македонија. Јавноста допрва ќе види каков е интересот на семејството Заеви од зголемената цена на струјата!

Постои оправдана причина јавноста да се сомнева во постапките на регулаторот, кој треба да е целосно независен и одвоен од власта. За жал со доаѓање на СДСМ на власт, независноста на ова тело се наруши, бидејќи наместо стручност и компетентност, единствен критериум за избор е партиската припадност и послушноста кон Зоран Заев.

Затоа на самопрогласените „шампиони“ во енергетиката им порачуваме: енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се „експерти“ во уништување!

ТЕНЗИИТЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА НЕ ПРЕСТАНУВААТ?Откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи…

Julkaissut Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ Sunnuntaina 9. elokuuta 2020

Latest News

За сите родители и ученици: Ова протоколот за следење на наставата

Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон...

140 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Во последните 24 часа се регистрирани 140 нови случаи на ковид-19 од направени 1.397 тестирања, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се...

Предлог до Владата: Лекар во секое училиште

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари со иницијатива до надлежните...

Спасовски: СДСМ е партијата која се води од заложбите за целосна рамноправност меѓу мажите и жените

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска учествуваше на Летната школа за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ и Прогрес Институтот. Во...

Дали така ќе биде и со kopoната: Се поголем број на луѓе се имуни на CAPC

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат...

More Articles Like This