НОВ МИЛИОНЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Ноември е среќен месец за новиот милионер, Александар Гоцев од Богданци

Поврзано

Што ce „готви“ на Месечината: Откриени детали за изградбата на руско-кинеската лунарна станица

Создавањето на руско-кинеската научна станица на Месечината ќе се реализира во три фази до 2035 година, објави американскиот специјализиран...

Нaјнови детали: Кинecкатa pakeтa се приближува кон Земјата, познато каде ќе се cpyши

Остатоците од најголемата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, која беше лансирана минатата недела, се очекува да навлезат во атмосферата...

Во седмата деценија од животот: Актерката позиpa во бикини и покажа како изгледа

Шерон Стоун на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира во бикини и доби еден куп комплименти од следбениците. Фотографирана...
- Advertisement -

Александар Гоцев од Богданци е најновиот милионер. Дваесет и петгодишниот студент во Германија, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 09.11.2018 во Спорт Лаиф Трејд во Богданци.

Во просториите на Државна Видеолотарија пристигна третиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник за месец ноември. Александар Гоцев е 157 играч кој освоил МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. Ги освоил токму на полноќ, забавувајќи се на видеолотариските терминали во Спорт Лаиф Треид во Богданци.

Во Државна видеолотарија на РМ по чекот на добитниот износ, младиот студент Александар, пристигна во друштво на неговиот татко. Скромен и срдечен, ја сподели со нас својата среќна приказна. Тој, татко му и неговиот брат, често се забавуваат на видеолотариските терминали. Неколку пати имале среќа да се радуваат на МИНИ ЏЕК ПОТ добивките.

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вистински го изненадила, посебно затоа што не ја очекувал. Претходниот ден го славел роденденот на неговиот брат, па среќниот ден првично одлучил да остане дома. Вечерта, својата одлука ја изменил, излегол да се забавува, па се упатил во Спорт Лаиф Трејд.

Освоените 1.462.511,00 денари од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно ќе си купи стан или ќе даде свој придонес во реновирањето на семејната куќа. Александар и во иднина планира да се забавува на видеолотариските терминали.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 157 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 233.345.930,00денари. Покрај нив, освоени се и 24.788 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 156.154.466,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Latest News

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

More Articles Like This