August 11, 2020, 10:21 am

Нула толeранција за изборни нeрегулaрности

Поврзано

Ќе лeжaт зaтвop: На газдите кои зeмaa cyбвeнции, а не дaдoа плaти им се зaкaнyвa зaтвop

Сопствениците на компаниите што добија субвенции од државата за надминување на кризата со коронавирусот ќе мора да ги вратат...

Унифopмите на полициjaтa дeфинитивнo и на албански

Вака ќе изгледаат двојазичните амблеми на полициските униформи. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска потпишал нормативни акти амблемите...

Биле пoзитивни на Koвид-19 – Мајка со три деца вpaтeнa од скопскиот аеродром

Мајка со три деца кои биле тестирани во приватна клиника, сите позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите за...
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска имаше работна посета на полициското одделение Јегуновце кое е во состав на ПС Тетово, при тетовскиот Сектор за внатрешни работи, соопшти МВР.

Во соопштението се информира дека при работната посета министерот Чулев остварил средба со раководството на полициското одделение.

Од страна на раководството министерот Чулев бил информиран дека полициските службеници преземаат мерки за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација поради пандемијата од Ковид-19.

– Од нивна страна беше потенцирано дека општина Јегуновце е подрачје со висок степен на безбедност што подразбира ниска стапка на криминалитет и мал број прекршоци од областа на јавниот ред и мир. Полициското одделение Јегуновце функционира во нови простории кои се изградени од страна на Министерството за внатрешни работи, но инвестирањето во материјално – технички средства и кадровски потенцијал треба да биде приоритет во наредниот период, информираат од МВР.

Воедно и парламентарните избори биле во фокусот на денешната работна средба при што од страна на раководството во полициското одделение е потенцирано дека активно се преземаат сите оперативни мерки во насока на нивно обебезбедување.

Во таа насока Министерот Чулев потенцирал дека од страна на Министерството за внатрешни работи ќе бидат преземени потребните мерки за соодветно распоредување на полициските службеници, во насока на обезбедување на максимална покриеност на територијата на целата држава.

Тој уште еднаш ги повика полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори. Според него, стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори.

– Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова. Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тие масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право, заклучи Чулев во своето обраќање.

Latest News

Ќе лeжaт зaтвop: На газдите кои зeмaa cyбвeнции, а не дaдoа плaти им се зaкaнyвa зaтвop

Сопствениците на компаниите што добија субвенции од државата за надминување на кризата со коронавирусот ќе мора да ги вратат...

Уaпceнo младо момче – Пoлициjaтa пронашла мapихyaнa кај него

На 10.08.2020 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Иван Хаџиниколов“ го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при...

(Фото) Kaко во kaфез, надpeaлни слики од Тајланд, еве како се одвива наставата

Надреалните фотографии од Тајланд покажуваат дека ученици одат во основно училиште, со маски, сместени во „кафези“ за социјално растојание, изработени од пластика и плексиглас. Тајландски...

Македонски државјанин тeшкo пoвpeдeн во cooбрaќaјкa кај Саранда

Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз. Од се уште...

Унифopмите на полициjaтa дeфинитивнo и на албански

Вака ќе изгледаат двојазичните амблеми на полициските униформи. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска потпишал нормативни акти амблемите да бидат и на албански,...

More Articles Like This