НУХИУ ГИ ФАЛСИФИКУВАЛ ЗАПИСНИЦИТЕ ОД ОПЕРАТИВНИОТ ШТАБ НА МВР: Откако фалсификуваа обид за избор на претседател на Собрание, обид за фалсификување на случувањата на 27-ми април!

  • April 29, 2017
  • Коментари

Откако најпрво се обидоа да фалсификуваат избор на претседател на Собранието, СДСМ и албанските партии сега се обидуваат да ги фалсификуваат и случувањата во Собранието го следеа по нелегитимниот обид за поставување на Талат Џафери за прв човек на Собранието.

agim-nuhiu-620x330_2

 

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на најбезобзирен начин и надвор од сите стандарди и процедури, во текот на денешниот ден врши силен притисок за промена и дополнување на записникот за донесување на одлуки за критичниот ден кога беа настаните во Собранието на Република Македонија, пишува порталот Журнал.

-Нухиу во отсуство на аргументи за паушалните тези изнесени на вчерашната прес- конференција, според нашите информации денеска врши силен притисок врз аналитичките служби и членовите на оперативниот штаб да го изменат основниот записник за да прикрие дека се носени законски и легитимни одлуки од директорот на БЈБ во негово присуство. Нухиу има единствена цел да даде сосема друга конотација, да ги поткрепи паушалните изјави дадени на вчерашната прес-конференција, да го прикрие фактот дека знаел за тоа што се планира во Собранието и за што бил должен да го информира штабот, а врз основа на тоа да се направи проценка за евентуалните ризици врз основа на кои соодветно би одговориле, пишува Журнал.

Директорот на БЈБ, Митко Чавков вчера изјави дека не постоеле никакви дојави дека во четвртокот ќе се случи некаков инцидент, затоа полицијата стандардно со истиот број на полицајци го обезбедуваше собранието на Македонија.

-За жал во собранието по завршуваењето на седницата во Собранието вчера (во четвртокот) се случија неколку инциденти кои го предизвикаа и испровоцираа револтот кај граѓаните. Настаните потоа се одвиваа брзо како на филмска лента. Граѓаните за неколку минути го обиколија Собранието и се обидоа да влезат внатре. Имаше обид полицијата да го спречи влезот на иритираната и разгневена маса, но употребата на сила во тие услови можеше да значи десетици жртви. Полицијата отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека може да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредени лица. Откако беше воспоставен јавниот ред и мир и откако беа евакуирани лицата чија безбедност беше загрозена, што беше наша примарна задача, полицијата отпочна со увид и идентификација на осомничените во координација со надлежниот Јавен обвинител, истакна Чавков вчера на прес-конференција.

Тој вели и дека истрагата и анализите на целиот случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани.

Претходно «
Следно »