December 9, 2021, 8:42 am

Нacкоpо пpиcтигнyвa мoќнaта фpaнцycкa вakцинa „Baлнeвa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против коронавирус, Валнева, која Велика Британија ја откажа минатиот месец откако претходно нарача 100 милиони дози, се покажала многу добро во зајакнување на имунитетот во борба против Ковид-19, покажале резултатите од 3-та фаза на клиничкото испитување.

Резултатите од крвните анализи на волонтерите кои ја примиле вакцината покажале високо ниво на неутрализирачки антитела против Ковид-19 и во овој метод ја надминала вакцината Астразенека.

Валнева, која има фабрика во Шкотска, бара одобрение од регулаторното тело на Велика Британија, а наскоро ќе подготви и документација и за одобрување од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Станува збор за вирусно неактивна вакцина, што значи дека содржи мртва верзија на коронавирус која не може да предизвика Ковид-19. На истиот начин се прават вакцините против грип и детска парализа, пренесе БиБиСи.

Од компанијата велат дека „стапката на сероконверзија на неутрализирачките антитела е над 95 отсто“, како и дека „немало сериозни случаи на коронавирус во текот на испитувањата, и покрај појавата на нови соеви како што е делта сојот“.

Велика Британија може да жали за својата одлука да откаже 100 милиони дози од сега ветувачката вакцина против Ковид -19, пренесува Ројтерс.

Француската компанија за биотехнологија Валнева во понеделникот објави дека нејзината вакцина, која го напаѓа вирусот на неколку начини, покажала напредок во доцната фаза на испитувањето и имала помалку несакани ефекти од вакцината што ја разви Универзитетот во Оксфорд ја разви со АстраЗенека.

Акциите на Валнева скокнаа за една третина, поништувајќи голем дел од штетата што им ја нанесе премиерот Борис Џонсон.

Latest News

(Видео) Драма во турскиот Парламент: Расправата за буџетот заврши со тепачка меѓу пратениците

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на...

More Articles Like This