September 18, 2021, 9:32 am

Нajгoлeмaтa зaплeнa нa kokaин вo иcтopиjaтa нa Пapaгвaj – дpoгaтa билa cкpиeнa вo мaгaцин зa шeќep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парагвајската полиција заплени над 3,4 тони кокаин во близина на главниот град Асунсион денес, а дрогата била скриена во магацин за шеќер.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Парагвај, додаде полицијата, пренесува Танјуг.

Директорот на полицијата Луис Аријас пред новинарите изјави дека кокаинот бил пронајден во предградието Фернандо де ла Мора, а шверцерите се подготвувале да го истоварат со пратка шеќер, објави Ројтерс.

– Станува збор за повеќе од 3.400 килограми кокаин. Ова е заедничка акција на единицата за наркотици и обвинителството, траеше скоро еден месец – рече Ариас, додавајќи дека не е познато каде требало да биде испратен кокаинот.

Претходно, најголемата заплена на кокаин во Парагвај се случи во октомври 2020 година, кога полицијата откри 2.900 килограми дрога.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Земјoтрес синоќа го пoтрeсе Лос Анџелес и околината

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Лос Анџелес и околината, објави Американскиот сеизмолошки...

More Articles Like This