December 8, 2021, 4:17 am

Нeсрeќа во Аризона: Двајца зaгинaти при сyдир на хeликoптер и авиoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица загинаа кога хеликоптерот во кој се наоѓале се судрил со едномоторен авион во предградието на американскиот град Феникс, во сојузната држава Аризона.

Авионот безбедно слетал, инструкторот за летање и ученикот не се повредени, додека двете лица од хеликоптерот загинале.

Полицијата соопшти дека судирот се случил во градот Чендлер, во близина на општинскиот аеродром, и дека нема повредени на земја.

Несреќата се случи во петокот, а пожарникарите и полицијата затекнале многу чад и остатоци на местото каде што се урна хеликоптерот. Пожарот бил брзо изгаснат.

Полицијата бара сведоци или луѓе кои можеби ја снимиле несреќата, со цел да се утврдат причините за судирот.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This