ОБАМА И САД ИЗРЕЗИЛЕНИ:Ни пречек, ни камери, ни крал за посетата на Обама

  • April 22, 2016

Кралот на Саудиска Арабија не го пречека претседателот на САД Барак Обама на аеродромот, туку по него испрати мала делегација државни службеници, пишува Гардијан.OBAMA INFOMAKS

Освен тоа, како што истакнува британскиот весник, настанот не го пренесувала ни тамошната телевизија.

„Американскиот народ ги испраќа своите поздрави и многу сме благодарни на вашето гостопримство, не само на оваа средба туку на целиот самит“, кажа Обама, на што кралот Сулман му одговори: „Ја и саудискиот народ сме многу задоволни што нѐ посетивте, господине претседател“.

Ова е четврта и сигурно последна посета на Саудиска Арабија на Барак Обама откако стана претседател.

За студениот пречек на Обама во Саудиска Арабија пишуваат сите западни медиуми.

Сега стана јасно колку Обама ги налути Саудијците. Го дочекаа студено, пишува германски Шпигл.

Барак Обама на аеродромот н го дочека кралот на Саудиска Арабија, туку само мала делегација на чело со гувернерот на Ријад, пренесува Си-ен-ен. Кралот го поздрави американскиот претседател дури во палатата Ерга, каде беше одржана билатерална средба зад затворени врати.

US-POLITICS-HEALTH-OBAMA

Саудиските медиуми не го пренесуваа слетувањето на претседателскиот авион и возењето на Обама во дворецот. Сепак, непосредно пред неговото пристигнување, телевизијата пренесувала како кралот Салман лично ги пречекува лидерите на земјите од Персискиот Залив. На социјалните мрежи пречекот на Обама е наречен демонстрација на презир, истакнува Си-ен-ен.

Аналитичарот на Галф рисрч центарот Мустафа Алани го смета за необично отсуството на висока делегација на пречекот на претседателот на САД. Според него, Саудиска Арабија на овој начин на сите им дала до знаење дека нема доверба во Обама.

„Кај Саудијците постои длабока недоверба кон претседателот на САД кој ништо не исполнува“, ги пренесува зборовите на експертот Асошиејтед прес.

Саудиска Арабија се плаши дека Вашингтон флертува и со нивниот соперник Иран. Во неодамнешно интервју Обама ги нарече Саудијците „таканаречени сојузници“ и му предложи на Ријад да го „подели“ блискоисточниот регион со Техеран. Кај Саудијците овие зборови предизвикаа гнев.

Во американскиот Конгрес, пак, деновите се слушаат сѐ посилни критики на сметка на Саудиска Арабија. Политичарите предложија да се ограничи продажбата на оружје на Ријад и ги обвинија за наводна вмешаност во терористичките напади од 11 септември. Саудиските власти како одговор се заканија дека ќе го продадат својот имот во САД вреден повеќе стотици милијарди долари.

Сите овие настани се случуваат поради зголеменото производство на енергенси во САД, поради што сѐ помалку земји ја купуваат блискоисточната нафта, истакнува Си-ен-ен.

Претходно «
Следно »