ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ДЕМАНТИРА ПУЧИСТИТЕ: Информациите дека некој е приведен се шпекулација на одредени медиуми!

Поврзано

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Кој може и натаму да работи од дома?

Хронично болните лица и родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните...

ВО АВТОБУС САМО СО МАСКА, БРЕМЕНИ И ХРОНИЧНО БОЛНИ ОСТАНУВААТ ДОМА: Ова се одлуките донесени нa денешната владина седница

Владата на Република Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за...

НАСКОРО СЕ ОТВАРААТ ГРАДИНКИТЕ?: Владата го усвои протоколот за работа на градинките во вонредна состојба

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика го усвои протоколот за функционирање на...

Во паничен обид да се деморализираат граѓаните кои даваат поддршка на „За заедничка Македонија“ и се против пучистите кои имаа обид за државен удар на 27 април, лиферуваа лажни информации за наводна потерница и приведување на организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, но и за неколку други лица

obvinitelstvo-1-715x400

Од Основното Јавно обвинителство излегоа со соопштение во кое ги демантираа шпекулациите на дел од медиумите, кои ги поддржуваат пучистичките структури во државата.

Соопштението го пренесуваме во целост.

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошното постапување на полицијата.
При прием на информации, согласно на поединечните настани, се преземаат конкретни мерки и дејствија. Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани.
До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела. Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје нема направено никаква преквалификација на било кое кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација.
Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести