ОБДУКЦИСКОТ НАОД ЈА ОТКРИВА СТРАШНАТА ВИСТИНА: Малата Тамара починала поради ненавремено лекување од бронхитис – комисијата платила операција во Турција!

  • November 7, 2018

СДСМ од позиција на опозиција ја злоупотреби трагедијата на малечката Тамара, го искористи нејзиниот случај за да ја добие власта. Зоран Заев докажа уште како опозиционер дека е спремен спремен на се дури и да гази по лешеви за да ги оствари своите цели и да дојде на власт.

Денес Никола Тодоров од „министер за смрт“, човекот кој СДСМ најмногу го критикуваше како опозиција стана претставник на Европска (Северна) Македонија и најголем поддржувач на политиките на власта. Додека голем број граѓаните, експерти и аналитичари ја изгубија надежта дека СДСМ може да донесе ,,живот” во Македонија, Тодоров и неколку други поранешни функционери против кои се водат кривични постапки се просветлија и во Заев го видоа црпнатиот месија од Муртино.

Имено сега кога ги имаме сите докази дознаваме дека министерството за здравство воопшто не било виновно за смртта на малата Тамара, односно кога документацијата конечно била комплетирана, на 11 декември 2014 година лекарите издале решение за упатување на лекување на Тамара во Медипол мега болницата во Истанбул, Турција. Била извршена и уплата на парите (30 илјади евра) на сметката на таа болница, објави портаот МКД.мк.

Лекарите биле уверени дека Тамара е веќе во Истанбул и очекувале позитивни вести. Но Жаклина Димовска, мајката на Тамара, сметала дека во таа болница операцијата нема да биде успешна и барала друга болница, или во Турција или во Германија. На 9 февруари Тамара починува. Се крева голема врева во Македонија, јавното мислење го распнува министерот за здравство Никола Тодоров и сите одговорни лица од Фондот за здравство, почнувајќи од Маја Парнаџиева, директорката на Фондот, и нејзиниот заменик Џемали Мехази, како и лекарите-членови на комисијата, пишува МКД.мк.

По целата таа врева што настана тогаш, сега сите заборавија да ги објават резултатите од обдукцијата во кој се вели дека деформитетот нема причинско-последична врска со смртта. Тоа значи дејка Тамара не починала како последица на нејзиниот деформитет, туку од родителската негрижа и нелекување на воспалението на белите дробови.

Имајќи ги во предвид сите овие факти јасно ни е со каква власт си имаме работа, на каква пропаганда се жртви македонските граѓани и на што се е спремен Зоран Заев за да ги оствари своите политички цели. Тоа значи дека Тодоров не бил виновен за смртта на Тамара, но е виновен што не го издржил притисокот врз него и помогнал во спроведување на мастер планот на Зоран Заев за промена на името.

Претходно «
Следно »