ОБЕЛОДЕНЕТ КОНСЕНЗУАЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ?: Високиот партиски функционер на СДСМ ќе биде заедничкиот кандидат на власта

Поврзано

(Видео) Силјановска Давкова го честита 4-ти Јули на американскиот народ, Трамп и Брнс

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова со честитка за 4-ти Јули: На американскиот народ, Претседателот...

Детален преглед – По колку cлyчaи на зaрaзeни со кoрoнaвиpyc има во секоја скопска општина?

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини...

Македонското здравтство на кoлeнa – Регистрирани 147 нoвoзaрaзeни, пoчинaлe 6 лицa во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи...

СДСМ и ДУИ се сѐ поблиску до договор за името на консензуалниот претседателски кандидат на претстојните избори, брифираат партиски извори за Нетпрес.

Иако официјално преговорите меѓу двете владејачки партии сѐ уште не се започнати, во партиските кулоари се споменува дека раководствата постигнале компромис и најверојатно Есад Рахиќ ќе ја трча изборната кампања на СДСМ и ДУИ за наследник на Ѓорге Иванов.

Како што е веќе познато, високи функционери од Бихаќка и Мала Речица истакнаа дека постои начелен договор да се изнајде заемно прифатлив кандидат, кој ќе биде над партиските и етничките линии.

Инаку, во изјава за Нетпрес, вицепремиерот задолжен за европски прашања, од редовите на ДУИ, Бујар Османи, потврди дека консултациите со СДСМ започнуваат в понеделник, но и дека имиња на потенцијални кандидати засега нема. Процесот за изнаоѓање на заеднички кандидат, кој ќе ја бие битката да се смести во Вила Водно наредните пет години, нема да започне денес, бидејќи претседателот на владејачката партија од македонскиот блок, Зоран Заев, не е во земјава.

Редакцијата на Нетпрес се обиде да го контактира Есад Рахиќ, но тој не одговори на нашите повици. Се обидовме да добиеме одговор и од порпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, но до објавувањето на текстот немаме потврда или демант на информацијата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нагласи дека изборите ќе бидат распишани на 8 февруари, а ќе се гласа на 21 април (прв круг) и на 5 мај (втор круг).

Рахиќ ја започна политичката кариера како член на СДСМ и ја извршуваше функцијата пратеник во периодот 2002-2006, од каде подоцна беше исклучен, а веќе во вториот мандат од 2006 до 2008 делува како независен пратеник. Роден е во 1964 година во Скопје и е етнички Бошњак. Рахиќ е дипломиран правник и во својата биографија наведува дека добро го познава англискиот јазик, а се служи и со турскиот и германскиот јазик.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести