ОБИДОТ ЗА ИЗБОР НА ТАЛАТ Е ПРОВОКАЦИЈА ЗА НАРОДОТ: Обидот е да се прикаже народот како крвник!

  • April 30, 2017
  • Коментари

Изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието беше провокација кон народните маси, за да се создадат немири. Се работи за иисценирана операција за промена на улогите, смета Дарко Јаневски, главен и одговорен уредник на Дневник.

darko-janevski

Во интервју за ТВ НОВА тој потсети дека откако започнаа протестите немаше никаков инцидент, луѓето излегоа со свои барања, а последното беше она за нови избори, меѓутоа некој сакаше да ја промени перцепцијата.

-Кај народот беше создадена перцепцијата дека „црвено-жолтите“ ја бранеа државата, наспроти „агресорот“ претставен преку СДСМ и албанските партии со т.н. Тиранска платформа. Очигледно некој сакаше оваа перцепција да се смени. Симпатиите секогаш се на страната на оној којшто трпи некакво насилство, па оттука и потребата да се испровоцира тоа насилство. Луѓето од СДСМ да бидат претставени како жртви, а наспроти тоа оние кои до вчера го носеа ореолот на бранители на државата да испаднат хулигани, насилници и агресори. Се работи за операција во којашто требаше да се сменат улогите, смета Јаневски.

Претходно «
Следно »