ОБСЕ, АМБАСАДИ, МОСТ ДИК ЌЕ РЕАГИРА ЛИ НЕКОЈ: СДСМ злоупотребува малолетници во кампања и брутално го прекршува законот за избори!

  • November 26, 2016

Кандидатот за пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов денеска одржа прес конференција на која изјави дека СДСМ злоупотребуваат малолетни лица во нивната предизборна кампања.

ivan-jpg-640x480

-Почитувани сограѓани денешнава прес конференција ја свикуваме по синоќешниот митинг на коалицијата предводена од СДСМ. Имено поради огромната безидејност и се помалата доверба од страна на граѓаните, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија почна да злоупотребува и малолетни лица за политички цели во нивната предизборна кампања. На вчерашниот катастрофален митинг, кој што СДСМ го организираше во Општина Кочани, злоупотребија малолетни лица, качувајќи ги на бината, како дел од кореографијата, изјави Иван Иванов.

Малолетните две деца кои биле на сцената се на возраст од 17 години, ученици во средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“, а едно до децата има само 16 години, ученик во средно училиште во Штип

eden640-640x480

-Покрај двегодишната деструктивна и негаторска политика на СДСМ, лажните и нереални ветувања на граѓаните како дел од памфлетот наречен програма на СДСМ, тие вчера со злоупотреба на малолетни деца за политички цели, по кој знае кој пат ја преминаа границата на коректно однесување и делување. Ваква злоупотреба на малолетни лица е јасно дефинирана и регулирана со закон, според член девет од законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на деца поради политичко или верско организирање или дејствување. Според истиот закон за истото дело се предвидува парична глоба, рече Иванов.

Според Членот 19 од Законот за правата на децата, дете е секое лице на возраст до 18 години.

dva640

-Ние како партија сме згрозени од ваквата злоупотреба на малолетни лица, но не сме и изненадени, гледајќи во изминатиов период на што се СДСМ е спремен само за да дојде на власт, рече Иванов.

СДСМ поради ова кршење на законите и оваа злоупотреба на малолетни деца за политички цели во предизборната кампања мора да понесе морална, политичка и кривична одговорност.

-Апелираме вакви и слични злоупотреби на малолетни лица, а одговорот што на сето зло го направи оваа партија на државата ќе го добијат на 11 декември, рече Иванов.

Претходно «
Следно »