Обучени волонтерки – негувателки во градинките во Општина Карпош

Поврзано

ОД ПОНЕДЕЛНИК: Започнува летно сметање на работното време на паркинзите на „Градски паркинг“

Од понеделник 1 јуни 2020 година почнува летното сметање на работното време на сите јавни површини наменети за паркирање...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Утре без вода дел од Автокоманда

Поради изведување водоводен приклучок Ф-150 на ул. „Габреш“ број 6, утре без вода ќе бидат корисниците од улица „Ташко...

СИТУАЦИЈАТА Е „ПОД КОНТРОЛА“: 14 од новозaболeните се од овие скопски општини

Од денешните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани,...

Преку Програмата за развој на Обединетите нации  (УНДП)  во соработка  со Општина Карпош,осум жени се стекнаа со сертификат  за волонтирање како негователки во jавните детски установи кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

DSC_9854(2)

Овој проект, како што соопштија од Општина Карпош, има за цел да им се овозможи на млади девојки, како и повозрасни жени да се стекнат со практично искуство во сферата на детската нега и заштита, кое понатаму би им донело поголеми можности за вработување во институција со соодветната струка која ја поседуваат.

Проектот траеше шест месеци, при што финансискиот надоместок за платите на волонтерските негователки го овозможи УНДП, додека трошоците за обезбедените лиценци ги подмири локалната самоуправа.

DSC_9858

– Ми претставува  особена чест и задоволство што  овие млади девојки и жени од Карпош, токму преку оваа наша соработка со УНДП се стекнаа со драгоцено искуство, кое многу ќе им помогне во понатамошната професионална кариера. Особено што станува збор за една благородна работа, која изискува многу внимание, посветеност, елан и трпение, како што е воспитувањето и подигнувањето на најмладите генерации. Еден ден, во иднина, токму вашите генерации на деца може да станат идни академици, доктори, адвокати, инжинери, на што особено ќе сте лично горди,  истакна градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Тој нагласи дека токму овие осум обучени негователки ќе имаат практична предност при вработувањето, бидејќи, како што рече, искуството кое го стекнале, ќе им биде од исклучителна важност при аплицирањето на конкурсите за идно вработување.

Заменик – раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска – Зафировска  нагласи дека Општина Карпош во континуитет го подобрува амбиентот на градинките, како од инфраструктурен, така и од кадровски аспект, се со цел најмалите карпошани да имаат најдобри услови за престој.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести