ОБЈАВЕНА СНИМКА НА БИЛ КЛИНТОН И МОНИКА ЛЕВИНСКИ ОД БЕЛАТА КУЌА

  • October 6, 2018

На видео-снимката , која е објавена оваа недела, се гледаат поранешниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински како „емотивно“ комуницираат во Белата куќа.

Видеото кое датира од 1997. година, кога изби скандал, го објави Претседателската библиотека Вилијам Џ. Клинтон и на него се гледа Бил Клинтон, кој го дава својот неделен извештај, а потоа во Овалната соба се поздравува со присутните, меѓу кои е и Моника Левински, која во тоа време стажираше во Белата куќа.
На снимката се гледа како Клинтон и Моника Левински разговараат, додека тој ја става неговата рака на нејзината половина, а потоа се местат за да се фотографираат, пренесува „Фокс њуз“.

Иако фотографиите се оддамна , за првпат се појавуваат во јавноста, наведува Танјуг.

Клинтоновата библиотека одбила да ја коментира снимката, но и на Јутјуб е наведенео дека видеото е објавено по баарње и во согласност со Законот за слободно информирање.

Подоцна во медиумите беше објавено дека тие двајцата имале секс афера во Белата куќа, како и дека тие двајца биле заедно истиот ден кога е направена снимката.

Клинтон е обвинет дека лажел во врска со Моник Левински, а американскиот сенат никогаш не го осуди.

Претходно «
Следно »