Објавени имињата на 21 кандидат на СДСМ за градоначалник

Телевизија 24 објави дел од листата на градоначалници кои ги подготвува СДСМ за локалните избори закажани за втората половина на месец октомври.

За Арачиново кандидат е Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков, за Вевчани Сашо Јанкоски, за Виница Ивица Димитров, за Градско Роберт Бешовски, за Делчево Горан Трајковски, за Демир Капија Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов.

За Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела Вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев, за Крушево Томе Христоски, за Маврово Медат Куртовски, за Лозово Ацо Велковски, од Новаци Љубе Кузманоски, од Охрид Константин Георгиевски и од Петровец Елизабета Зелениковска.