ОБЈАВЕНИ СНИМКИ ОД РАКЕТНИТЕ НАПАДИ: Иран го нападна Израел од Сириска територија, Израел возврати

  • May 10, 2018
  • Коментари

Сириските воздушни сили биле детачирани да одбијат напад од Израелски ракети, соопшти Сириската државна агенција САНА. Бомбардирањето било изведено од Израелски воени авиони од Либанскиот воздушен простор

Сириските противвоздушни системи биле активирани во одбивање на ракетен напад изведен од Израелски воени авиони кои ракетите ги лансирале од воздушниот простор на Либан, соопшти сириската државна новинска агенција САНА. Бомбардирањето се случувало неколку часа, а првите неколку ракети паднале во близина на Дамаск во 1.30 часот по локално време.

Претходно, во четвртокот портпаролот на Израелските одбрамбени сили (ИДФ) Авичај Адраи потврдил дека Израелската армија ќе продолжи да таргетира Ирански цели во Сирија, предупредувајќи дека секој обид на сириските сили да ги одбијат нападите ќе биде возвратено со „екстремна сериозност“.

САНА објави снимки од Сириските противвоздушни системи кои делуваат против ракетите лансирани кон Дамаск.

Израелските удари се резулатат и одговор на нападнот кој го лансирале Иранските сили Кудс од Сириска територија кон Голанската висорамнина, откако претходно околу 20 ракети беа лансирани, а неколку пресретнати од Железната купола на Израел.

Во исто време, Сириските медиуми објавија дека ИДФ со артилериски оган го гранатирале градот Батх во северниот регион Кунеитра.

Тензиите се зголемија откако претседателот на САД Доналд Трамп најави дека неговата земја ќе се повлече од нуклеарниот договор. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, остар критичар на Иран, ја поздрави одлуката, која беше осудена од Европа, Русија, Кина и други земји кои не се потписнички на договорот.

Тензиите дополнително растеа и поради одлуката на САД да ја префрли амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.

Претходно «
Следно »